Авион на египетската авиокомпанија „Ер Каиро“ од Хургада до Минхен денес во 14:35 часот изврши итно слетување на аеродромот во Белград поради технички причини.
Според информациите, патниците безбедно го напуштиле авионот.
Авионот слетал поради индикации за чад во пилотската кабина.
„Ер Каиро“ подоцна ќе организира продолжување на летот на своите патници до Минхен.
Авион на „Ер Каиро“ принудно слета на аеродромот во Белград
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft