Дизелот во Словенија од вторник, 22 септември, би можел да достигне околу 2,009 евра за литар, според најновата пресметка.
Тоа би значело дека резервоар од 50 литри ќе чини околу 100,45 евра.Сепак, станува збор за прогноза, а конечната цена ќе зависи и од евентуални промени во акцизите.Во моментов дизелот чини 1,991 евро, односно 99,55 евра за 50 литри.
Се очекува поскапување и на бензинот, кој би можел да достигне околу 1,78 евро за литар.За споредба, дизелот во Хрватска е 1,85 евро, додека во Македонија е 99 денари за литар.Регулираните цени во Словенија важат за пумпи надвор од автопатиштата, додека на автопатските бензински станици горивото може да биде поскапо.
