Албански државјанин уапсен во Струга поради дрога и нелегален престој објави Скопје1.мк

Триесетгодишен државјанин на Албанија е лишен од слобода во Струга, откако кај него била пронајдена марихуана, а дополнително било утврдено дека нелегално престојувал во земјава.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека приведувањето било извршено на 29 јули околу 21:00 часот на улицата „Јово Стефаноски Риле“ во Струга.

При полициската контрола, кај С. Ѓ. (30) од Република Албанија била пронајдена и одземена марихуана. По преземените мерки било констатирано и дека тој нелегално престојувал на подрачјето на Струга.

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ