Апокалипса во Хрватска: Активиран портокалов метео-аларм за два региона, шеталиштето во Ровињ поплавено

Управата за цивилна заштита издаде претходно предупредување за опасни временски појави за Хрватска во текот на денот.

„Портокалово предупредување за дожд е издадено за регионите Риека и Госпиќ, пред сè, во северниот дел на Јадранот и Горски Котар“, соопштија од Дирекцијата.

На места, велат, можни се обилни врнежи од дожд и поплави.

Областа на Истра беше зафатена од невреме, а морето во Ровињ го поплави шеталиштето.

Хрватскиот авто-клуб ги повика возачите да ја приспособат брзината на возилото на условите на патот поради зголемениот сообраќај и лизгавиот коловоз.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ