Протестите во центарот на Тбилиси ескалираа во судири синоќа кога демонстрантите упаднаа во дворот на претседателската палата Орбелиани откако владејачката партија прогласи победа на локалните избори. Неколку десетици демонстранти влегоа во комплексот на палатата пред полицијата да употреби солзавец за да ги растера. И покрај ова, демонстрантите постојано се обидуваа да го пробијат комплексот, што […]
Израелското Министерство за надворешни работи во неделата остро ги отфрли обвинувањата дека шведската активистка Грета Тунберг и другите пропалестински активисти биле малтретирани во притвор, нарекувајќи ги нивните изјави „бесрамни лаги“. Но, израелскиот екстремно десничарски министер за безбедност, Итамар Бен-Гвир, рече дека е „горд што ги третираме „активистите на флотилата“ како поддржувачи на тероризмот“. „Сите оние […]
Силното невреме што зафати денеска делови од Европа предизвика прекини во снабдувањето со електрична енерегија, откажување на летови, соборени дрвја и блокада на некои сообраќајници. Во неколку европски земји, припадници на противпожарните служби се ангажирани во санација. Во белгискиот главен град Брисел, противпожарната служба одговори на околу 90 повици, претежно за паднати дрвја или скршени […]
Стотици алпинисти заглавени во метеж во близина на источната страна на Монт Еверест во Тибет се спасени од спасувачите, објавија кинеските државни медиуми во неделата, додека невообичаено обилни врнежи од снег и дожд ги погодија Хималаите. Во недела, 350 планинари стигнаа до градот Куданга, додека комуникацијата со преостанатите повеќе од 200 планинари беше воспоставена, објави […]
Ролан Лескир, близок сојузник на францускиот претседател Емануел Макрон, е именуван за нов министер за финансии во новата влада предводена од премиерот Себастијан Лекорну, објави Елисејската палата во неделата. Поранешниот министер за финансии Бруно Ле Мер е именуван за министер за одбрана. Неколку клучни министри ги задржаа своите позиции, вклучувајќи го Жан-Ноел Баро како министер […]
Аеродромот во норвешката престолнина Осло привремено ги прекина слетувањата рано утрово по пријава за видување дрон во близина на аеродромот, објави новинската агенција NTB. Неколку дојдовни летови беа одложени или пренасочени откако полицијата доби пријава околу полноќ дека пилот на „Норвешката авиокомпанија“ мислел дека видел од три до пет дронови за време на приближувањето кон […]
Седум работници од рударската компанија „Фрипорт“ загинаа откако исчезнаа поради свлечиште во рудникот Грасберг во Индонезија. Несреќата се случила на 8 септември, кога околу 800.000 тони кал закопале дел од рудникот за бакар и злато, заробувајќи ги работниците под кал и камења, објави Ројтерс. Пет тела беа пронајдени во текот на викендот, со што потрагата […]
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека понудата на рускиот претседател Владимир Путин за одржување ограничувања на распореденото стратешко нуклеарно оружје „звучи како добра идеја“. Путин минатиот месец понуди доброволно да ги задржи ограничувањата за големината на рускиот нуклеарен арсенал утврдени со договорот „Нов СТАРТ“ од 2010 година, доколку САД го сторат истото. „Ми звучи како […]
Во координираната меѓународна операција OPSON XIV, која ја спроведе Европол, Европската канцеларија за борба против измами (OLAF), Европската комисија, како и агенции за спроведување на законот од 31 земја, вклучувајќи партнери од приватниот сектор, запленети се повеќе од 11.500 тони храна и 1,4 милиони литри пијалоци со сомнително потекло и квалитет, а вкупната вредност на […]
Францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка само неколку часа по формирањето на новата Влада. Како што објави Елисејската палата денеска, претседателот Емануел Макрон ја прифати оставката. Претходно, неколку опозициски партии повторно се заканија дека ќе ја „бутнат“ владата. Лекорну ја поднесе оставката само 27 дена откако беше назначен.