Полицијата извести дека вчера во 10 часот во Струга, полициски службеници ја уапсиле 23-годишната В.И. од Куманово. Таа се сомничи дека претходно во трговски објект во Струга извршила кражба, при што одзела повеќе производи. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно расчистување и документирање на случајот, против В.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во германскиот град Есен во саботата околу 2 часот по полноќ расправата меѓу двајца Еритрејци (25, 29) и еден 32-годишен македонски државјанин завршиле со физичка пресметка после која Македонецот подлегнал на повредите, јавуваат германските медиуми. Смртните повреди биле настанати од пивско шише. Еритрејците избегале во правец на главната железничка станица. Еден од нив подоцна бил […]
Од вечерва по полноќ за еден денар по литар ќе поскапат дизел горивото и нафтата за домаќинствата, а ќе поскапи и мазутот. Центата на бензинот нема да се промени. По полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин Еуросупер БС – 95 &
Тежок инцидент се случи синоќа на аеродромот Никола Тесла во Белград. Авионот на компанијата Marathon airlines, кој лета во боите и за потребите на српскиот национален авиопревозник Ер Србија, бил сериозно оштетен при полетување на редовната линија Белград – Дизелдорф, поради што морал да направи итно слетување по само 20 минути. 15-годишниот Embraer 195LR (OY-GDC), […]
Жителите на Сараево, како што пренесуваат босанските медиуми, по силниот земјотрес оставаат коментари на социјалните мрежи дека земјотресот го осетиле кратко, но силно, како и дека чувството додека траел било како воз да им поминува под нозете Силен земјотрес утрово во 9:20 часот го потресе Сараево, јавуваат босанските медиуми. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар на својот профил […]
Мобилен тим спречи шверц на 3590 таблети трамадол откриени во личен багаж на еден патник при контрола на автобус на граничен премин Табановце. Во моментот кога автобусот е ставен на мобилен скенер, при што секој од патниците го извадија својот личен багаж надвор од автобусот, патникот се обиде да го искористи моментот и ја фрли […]
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во рамки на престојот во Германија, денес, го посети Конзуларното одделение во Бон, каде што покрај другите конзуларни услуги за нашите државјани, преку базната станица се врши сликање и земање на биометриски податоци за издавање на патни исправи. Како сите други дипломатски конзуларни претставништва и во Бон е реорганизирана […]
Хамас во петокот објави дека најмалку пет пациенти се мртви поради прекинот на снабдувањето со електрична енергија, што значело дека кислородот не стигнал до нивните соби, во болница во Појасот Газа, чија контрола ја зазеде израелска армија. „Генераторите на болничкиот комплекс престанаа да работат и снабдувањето со електрична енергија беше прекинато“ во болницата Насер, во […]
Под влијание на стабилна, сува и релативно топла воздушна маса од југ, овој врикед времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло, утре со појава на мала до умерена локална облачност. Утре особено Долж Повардарието ќе засилува ветерот од северен правец. Во Скопје и околината ќе имаме слично време, стабилно, суво и сончево, додека […]
Спречени обиди за криумчарење на икони, цигари, стоматолошка опрема, 100 тегли маџун и 5 килограми зачин шафран чија цена е 1.500 евра од килограм, што во различни случаи лица се обиделе нелегално да ги внесат во државата. На граничниот премин Богородица царинските службеници спречија обид за нелегално внесување на црковни предмети меѓу кои и 51 […]