Понеделник, 16 ноември 2026 понеделник, 16 ноември Струга 14°C Струга 14°C Пријави вест
Балкан

Загина брачен пар и нивните две деца во сообраќајка во БиХ

Објавено: · 1 мин читање
Загина брачен пар и нивните две деца во сообраќајка во БиХ

Четири лица загинаа во сообраќајна несреќа што се случи во градот Радешине под Челебиќ на главниот пат М-17, Мостар – Јабланица.Како што потврдија медиумите, загинаа сопружници државјани на Република Турција, родени 1980 година, пренесува Дневни аваз.

Нивните две деца починале во болницата во Коњиќ, додека третото е пренесено во болницата во Сараево.