Понеделник, 9 ноември 2026 понеделник, 9 ноември Струга 12°C Струга 12°C Пријави вест
Свет

Силен земјотрес вечерва ја погоди Турција

Објавено: · 1 мин читање
Силен земјотрес вечерва ја погоди Турција

AFAD објави дека на отвореното море близу Чанаккале во Турција се случил земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот бил почувствуван и во околните области.

Според податоците на AFAD, земјотресот се случил во 23:38 часот, во близина на округот Ајваџик во Чанаккале, Турција, со јачина од 5,2 степени.

Земјотресот се случил на длабочина од 8,65 км.