Командирот на ТППЕ Тетово бара да биде исклучена струјата во цело Тетово бидејки според него ризикот од струен удар по граѓаните е многу висок поради тоа што се поплавени подрумските простории на повеќе куќи и објекти. Од Центарот за управување со кризи информираат дека на 112 стигнале неколку пријави од граѓани за поплавени подруми. Во […]
УХМР најавува дека во текот на следната недела, претежно во попладневните часови, ќе има почеста појава на пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Следните денови и понатаму ќе биде топло, но со постепено опаѓање на дневната температура. Утре времето ќе биде […]
– Земјотрес со јачина од 2 степени по Рихтер попладнево е регистриран во Република Македонија. Според првичните информации, епицентарот бил на 10 километри западно од Струга, кај Велешта на длабочина од 15 километри. Земјотресот е регистриран во 14:43 часот.
На 22-ри јуни 2024 година, во 15:00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионалниот пат Р-1208, во близина на струшкото село Калишта, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени две лица. – Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 42-годишнолице и мотоцикл […]
На 22-ри јуни 2024 година, во 08:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Струга, на место викано „Оровничка плажа“, се случила сообраќајна незгода во која се повредени две лица. – Во незгодата учествувале патничко возило марка „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од страна на 35-годишно лице од Тетово, излетало […]
Повеќе од стотина учесници во Струга ќе го прследат Летниот регионален семинар што го организира Францускиот институт во Скопје. Во хотелот „Дрим“ утре во 18.30 часот учесниците ќе ги поздрави францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер. Обучувачите се експерти од Франција и ќе анимираат работилници на актуелни тематики врзани за наставата на и по француски јазик во […]
Три лица се затрупани во одрон на карпи по силно невреме во регионот Грисонс во југоисточна Швајцарија, а една жена е спасена изутрината во близина на селото Лостало северно од езерото Комо, соопшти денеска регионалната полиција. Туристичкото место Цермат на Матерхорн на швајцарските Алпи е отсечено од светот поради опасност од поплави, а властите се […]
Поради големата енергија во атмосферата, токму поради повеќедневниот екстремно топол бран од Африка, локално и на повеќе места процесите ќе бидат во форма на силно невреме, проследено со обилен пороен дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на крупен град со пречник од 2 cм па дури и покрупен од 2 […]
Собранието на Северна Македонија денеска на 22 јуни во 11 часот ќе ја започне седницата за избор на новата влада, предложена од Христијан Мицкоски, мандатар и претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски го поднесе предлогот за состав на владата и програмата на 18 јуни. Собраниската расправа за избор на новата влада треба да заврши до недела на […]
Викендов нашето подрачје и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради што времето ќе биде претежно сончево и натпросечно топло. Утре минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, од понеделник […]