Свет

Ердоган: Турција би можела да одобри влез во НАТО на

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа навести дека Турција може да го одобри приемот на Финска во НАТО, но не и на Шведска. – Доколку е потребно, можеме да дадеме поинаква порака за Финска. Шведска ќе биде шокирана кога ќе дадеме поинаква порака за Финска, рече шефот на турската држава за кандидатурата на двете нордиски […]

Свет

Во вториот круг од парламентарните избори во Тунис излезност од

Гласачите во Тунис масовно го бојкотираа вчерашниот втор круг од парламентарните избори во земјата, бидејќи на гласање излегоа само 11,3 отсто од осумте милиони граѓани со право на глас, покажуваат прелиминарните резултати на Државната изборна комисија. Американските медиуми потсетуваат дека оваа бројка на излезени гласачи е приближно слична на онаа од првиот круг од изборите, […]

Свет

Столтенберг ја повика Јужна Кореја да ја зајакне воената поддршка

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја повика денеска Јужна Кореја да ја зајакне воената поддршка за Украина, наведувајќи други земји кои ја промениле својата политика на недавање оружје за земјите во конфликт по руската инвазија. Столтенберг пристигна во Јужна Кореја вчера во рамки на патувањето, чија цел е зајакнување на врските со американските сојузници […]

Свет

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск денеска го осуди растечкото насилство на Блискиот Исток и ги повика двете страни во израелско-палестинскиот конфликт „искрено да бараат мир“. „Спиралата на смртта која се зголемува од ден на ден само ја затвора трошката доверба која постои меѓу два народа“, рече Папата по традиционалната молитва на плоштадот „Свети Петар“. […]

Свет

Борн: Нема преговори за старосната граница за пензионирање

Француската премиерка Елизабет Борн денеска изјави дека планот на Владата за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години „повеќе не е предмет на преговори“. Како што пренесуваат агенциите, изјавата на премиерката дополнително ги „налути“ противниците и синдикатите кои планираат нови масовни протести и штрајкови оваа недела. Зголемувањето на старосната граница за […]

Свет

Над 40 отсто од територијата на Украина е минирана

Над 40 отсто од територијата на Украина е минирана како резултат на воените дејствија, објави денеска британската телевизија „Скај њуз“, повикувајќи се на невладината Советодавна група за рудници (Mines Advisory Group). Според невладината организација, Украина е земја со најмногу мини во светот. „Зафатеноста (со мини) е огромна. Не може да се спореди со Сирија или […]

Свет

Турција ги предупреди граѓаните на можни дискриминаторски напади во Европа

Турција ги предупреди своите граѓани за можни дискриминаторски напади во Европа и САД по серијата исламофобични инциденти и откако Шведска, Норвешка и Данска издадоа предупредувања до своите граѓани да избегнуваат големи собири во Турција. „Граѓаните кои живеат или патуваат во Европа или САД треба да бидат внимателни и да избегнуваат области со големи демонстрации“, соопшти […]

Свет

Најмалку 41 лице загина во автобуска несреќа во Пакистан

Повеќе од 40 лица загинаа во сообраќајна несреќа во која автобус падна во клисура во јужната пакистанска провинција Балучистан, јавија локалните медиуми. Хамза Анџум, заменик-комесар за Лазбела, област во Балучистан, изјави дека возилото најпрво удрило во мост, по што паднало во клисура и се запалило. Тој додаде дека 41 лице од вкупно 48 загинале. Автобусот […]

Свет

Зеленски воведе санкции за 185 компании и поединци кои ја

Украинскиот претседател Володимир Зеленски воведе санкции за 185 компании и поединци кои ја поддржуваат руската војна, која трае веќе 12 месеци. „Фирмите и бизнисмените кои превезуваат персонал и воена опрема со железница во име на државата агресор ќе бидат казнети“, рече Зеленски во вечерното видео обраќање. Тој додаде дека конфискуваниот имот ќе се користи во […]

Свет

Нетанјаху: Нашиот одговор на тероризмот ќе биде силен, брз и

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави „силен“ и „цврст“ одговор на „тероризмот“ по двата палестински напади во Источен Ерусалим. „Нашиот одговор ќе биде силен, брз и прецизен“, рече Нетанјаху на вонредниот состанок на кабинетот за безбедност. „Не сакаме ескалација, но подготвени сме на секое сценарио“, додаде Нетанјаху. Во петокот вечерта, 21-годишен Палестинец пукал во случајни минувачи […]