Свет

Во домот на Бајден се пронајдени уште шест доверливи документи

Истражителите на американското Министерство за правда пронајдоа уште шест доверливи документи во домот на американскиот претседател Џо Бајден во Вилмингтон. -Некои од документите се од времето на мандатот на Бајден во Сенатот од 1973 до 2009 година, а други се од времето кога тој беше потпретседател на Барак Обама, изјави адвокатот Боб Бауер. – Самиот […]

Свет

Лунарната Нова година во Кина прославена без мерки против Ковид-19

По три години и неодамнешното откажување на политиката „нулта ковид“, денеска ширум Кина беше дочекана лунарната нова година. Покрај традиционалните манифестации во рамки на Пролетниот фестивал, кој го означува почетокот на новата лунарна година, имаше и големи семејни собири низ земјата. На јавните прослави во Пекинг и другите големи градови имаше помалку луѓе отколку во […]

Балкан

Повеќе села од Голо Брдо без струја, движењето отежнато поради

Снегот кој го зафати северниот и североисточниот дел на Албанија ги создаде и првите проблеми, посебно во руралните средини. Во областа Голо Брдо отежнато е движењето по лошата патна инфраструктура, а поради искинати електропроводници без струја се повеќе населени места. – Снегот го отежна движењето по руралните патишта како во Острени, Требиште, Мартанеш, Зерќан како […]

Балкан

Вучиќ в понеделник ќе биде на седницата на Владата за

Владата на Србија в понеделник ќе одржи седница посветена на актуелните разговори за Косово, на која го покани претседателот Александар Вучиќ, јавија медиумите во Србија. Се очекува по седницата, в понеделник попладне, Вучиќ да им се обрати на граѓаните. Претседателот на Србија вчера во Белград се сретна со претставници на ЕУ, САД, Франција, Германија и […]

Свет

Подољак: Размислете побрзо, секое одложување на помошта е смрт на

Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак денеска ги повика сојузниците на Киев „побрзо да размислат“ за воена поддршка за Киев, еден ден откако не успеаја да се договорат за испраќање борбени тенкови што ги бара Украина. „Ќе и помогнете на Украина со потребното оружје и ќе разберете дека нема друга опција за завршување на војната […]

Свет

ВИДЕО: Британската полиција го казни премиерот Сунак, прекршил сообраќајно правило

Британскиот премиер Риши Сунак е казнет затоа што не го ставил појасот на задното седиште од својот автомобил додека бил на пат во северна Англија. Риши Сунак го извршил прекршокот додека снимал за Инстаграм за време на тридневната посета на северните градови за да промовира нов владин план. Видеото на кое се гледа дека не […]

Свет

Турција ја откажа планираната посета на шведскиот министер за одбрана

Турција ја откажа планираната посета на шведскиот министер за одбрана како одговор на дозволата на земјата да одржи антитурски протест. Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар изјави дека планираната посета на неговиот шведски колега Пал Јонсон на 27 јануари нема да се одржи. Тој рече дека посетата повеќе нема „никакво значење или цел“, бидејќи Шведска […]

Свет

Крис Хипкинс ќе биде новиот премиер на Нов Зеланд

Министерот за образование, полиција и за јавни служби на Нов Зеланд Крис Хипкинс ќе биде нов премиер на таа земја бидејќи тој беше единствениот кандидат да ја наследи Џасинда Ардерн на чело на Лабуристичката партија. Хипкинс (46) в недела треба да ја добие поддршката од сопартијците, но тоа сега е само формалност.Официјалниот трансфер на власта […]

Свет

Нови протести во Франција против пензиската реформа

Нови протести во Франција се планирани денеска против контроверзната пензиска реформа, откако левичарската партија „Непокорна Франција“ и разни младински организации најавија дека свикуваат собири, јави ДПА. Бидејќи сегашниот пензиски систем не може да се финансира долгорочно поради стареењето на населението, француската влада сака да ја зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години. […]

Свет

Хорор на Тибет, најмалку 28 загинати во лавина

Најмалку 28 лица загинаа во лавина во градот Нингчи во југозападниот регион на Тибет, јавува Ројтерс повикувајќи се на извештај на кинеските медиуми. Спасувачката акција на местото е завршена, а локалните власти распоредија вкупно 1.348 луѓе и 236 делови опрема за ископување на 7,5-километарскиот премин, објави во петокот кинеската новинска агенција Ксинхуа. Пронајдени се 53 […]