Украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на денешното видео обраќање на Светскиот економски форум во Давос рече дека не е „сосема сигурен“ дека рускиот претседател Владимир Путин е жив и дека носи одлуки во Русија. „Јас навистина не разбирам со кого да разговарам и за што да разговарам. Не сум сигурен дека претседателот на Русија, […]
Германија на крајот на 2022 година имала најмалку 84,3 милиони жители, според прелиминарните проценки направени денеска од Федералниот завод за статистика од Визбаден, што е повеќе отколку на крајот на некоја година откако се води статистика. Сепак, причината не е позитивен наталитет, туку рекордната имиграција. Споредено со крајот на 2021 година, бројот на жители се […]
Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина денеска по средбата со министерот за внатрешни работи на Финска, Пек Хависта, ги пофали напорите на Хелсинки во контекст на нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина. Лајчак на Твитер објави заедничка фотографија со Хависта и порача дека и во иднина смета на поддршката […]
Србија го прекрши договорот за регистарските таблички на автомобилите, истакна косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свечља. Тој на Фејсбук објави дека косовската полиција, особено Управата за гранична полиција, на неколку гранични премини пронашла нелегални (според Косово) „КМ“ (Косово и Метохија) регистарски таблички, кои биле пререгистрирани во декември 2022 година. „Врз основа на договорот меѓу […]
Француските синдикати денеска почнаа штрајк против плановите на претседателот Емануел Макрон да ја зголеми старосната граница за пензионирање. Во новиот Предлог-закон што ќе помине низ Парламентот, ќе пишува дека вработените се пензионираат на 64 години, наместо на 62, колку што е сегашната граница. Градскиот и меѓуградскиот железнички сообраќај е речиси во застој, а многу училишта […]
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска објави дека е на пат за Киев, каде со претседателот Володимир Зеленски треба да разговара за новите мерки за поддршка на Украина. Зеленски побара побрза испорака на оружје. Двајцата лидери ќе разговараат за „конкретни мерки за да се осигура дека (Украина) е посилна и помоќна“, рече Шарл Мишел […]
Американскиот претседател Џозеф Бајден изрази сочувство до семејствата на жртвите од хеликоптерската несреќа во Украина и додаде дека САД ќе му оддадат почит на загинатиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски, кој, како што рече, „континуирано бил посветен на зачувување на демократијата во Украина“. „Ќе го почитуваме тоа наследство преку напорите да ги зајакнеме украинските […]
Обединетите нации ги повикаа сите потписнички на Договорот за извоз на жито преку Црното Море да ја подобрат ефикасноста на извозот и соопштија дека организацијата не може да биде одговорна за тоа што повеќе од 100 бродови сè уште чекаат во водите на Турција за одобрение да поминување низ Босфорот. Според договорот кој во јули […]
Речиси осум милиони бегалци од Украина пристигнаа во земјите од Европа откако во февруари минатата година таа држава влезе во воен конфликт со Русија, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР). Во соопштението се наведува дека во текот на измината недела тој број се зголемил за 10.571. УНХЦР објави дека од 24 февруари 2022 […]
Италијанската полиција во пристаништето Савана запленила еден тон кокаин сокриен на дното на брод. Дрогата ја пронашле нуркачи од поморскиот оперативен оддел на Савона. -Запленети се 741 пакетчиња кокаин, спакувани во 26 целофански обвивки, вешто скриени во делот кај моторите на бродот, со вкупна тежина од околу еден тон. Уапсени се четворица албански државјани, јавија […]