Свет

Норвешка воведува даноци за електричните возила

Норвешка го потврди првото место во светот по продажба на електрични автомобили во 2022 година, а Владата најави и дека ќе ги оданочува возилата, насочувајќи го вниманието на електрификација на тешките камиони. Електромобилите учествувале со 79,3 отсто од продажбата на нови возила лани, што е најмногу откако овој вид возила е пуштен во продажба, објави […]

Балкан

Тројца уапсени поради инцидентот на сплавот „Фристајлер“ во Белград

Три лица, меѓу кои и грчки државјанин, се уапсени поради инцидентот на сплавот „Фристајлер“ во Белград што се случи на новогодишната ноќ кога тој објект почна да тоне, објави српската национална телевизија РТС. Сослушувањето на приведените е закажано за утре. Тројцата се уапсени поради сомнение дека сториле кривично дело „тешко дело против општата безбедност со […]

Балкан

КФОР: Во тек отстранување на преостанатите возила од блокадите

Мисијата КФОР денеска соопшти дека на северот на Косово во тек е отстранување на неколку возила останати на патиштата по минатомесечните блокади. „Мисијата на КФОР спроведува инженерски операции на северот на Косово за да отстрани некои возила блокирани на патот и да ја врати слободата на движење во согласност со нејзиниот мандат на ОН“, се […]

Балкан

Радев го врачи вториот мандат за формирање влада на „Продолжуваме

Бугарскиот претседател Румен Радев го врачи вториот мандат за формирање влада на Николај Денков, номиниран за премиер од „Продолжуваме со промената“, јави дописникот на МИА од Софија. Радев рече дека Денков овој мандат го добива на првиот работен ден од новата година, кога традиционално си посакуваме здравје, мир и бериќет и кога на него се […]

Свет

Руските олигарси загубија дури 95 милијарди долари

Најбогатите руски олигарси изгубија дури 95 милијарди долари како резултат на санкциите на Западот, воведени поради руската агресија врз Украина. Тоа значи дека од почетокот на војната до сега губеле по 330 милиони долари дневно. Најмногу загубил поранешниот сопственик на англискиот фудбалски клуб Челзи, Роман Абрамович – 57 отсто и сега неговото богатство изнесува 7,8 […]

Свет

Пораст на бројот инфицирани во Шангај, лекар тврди дека 70

Виш лекар во една од најдобрите болници во Шангај изјави дека 70 отсто од населението во метрополата е заразено со Ковид-19, објавуваат денеска кинески државни медиуми. Големиот број заразени доаѓа по минатомесечното олабавување на строгите ограничувања што кинеските власти ги воведоа за контрола на ширењето на заразата. Чен Ержен, потпретседател на болницата „Руиџин“ и член […]

Свет

Јапонија им нуди на семејствата по 7500 долари по дете

Јапонската Влада нуди милион јени (7.500 долари) по дете на семејствата што ќе се иселат од главниот град Токио, со цел да ја насочи популацијата кон послабо населените региони во земјата. Властите во Јапонија ги засилуваат стимулациите за да ги намамат луѓето во помалите регионални области со мала, главно постара популација. Стимулациите чиј износ е […]

Свет

Самит Украина – ЕУ на 3 февруари во Киев

Украина и Европската унија ќе одржат Самит на 3 февруари во Киев, а не во Брисел и ќе разговараат за европската финансиска и воена поддршка, соопштија од Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во синоќа објавеното соопштение, од Кабинетот на Зеленски се посочува дека за средбата претседателот на Украина разговарал со претседателката на Европската комисија, […]

Свет

Киев: Успеавме да вратиме 40 отсто од нашата територија

Генералот Валериј Залужни, врховен командант на украинските вооружени сили, соопшти дека во текот на минатата година армијата на земјата успеала да врати четириесет отсто од териториите окупирани по почетокот на рускиот напад врз Украина. Како што нагласи, „околу 28 отсто од сите територии што ги држат руските сили од 2014 година се вратени назад“, напиша […]

Свет

Борел: ЕУ не попушти пред уцените на Путин

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, во авторски текст на блогот на дипломатската служба на ЕУ рече дека во годината на војната во Украина, енергетската и климатската криза, и покрај зависноста од увозот на руски фосилни горива, Унијата не „попушти пред уцените на Путин“. – Успеавме да ја пополниме празнината […]