Понеделник, 9 ноември 2026 понеделник, 9 ноември Струга 8°C Струга 8°C Пријави вест
Струга

Уреден и исчистен просторот околу Амбулантата во Лабуништа

Објавено: · 1 мин читање
Уреден и исчистен просторот околу Амбулантата во Лабуништа

Денеска вработените во Итната медицинска помош Лабуништа и Здравствениот дом Вевчани го уредија и расчистија просторот во и околу Амбулантата во Лабуништа.

Со заедничка акција и иницијатива, тимот на здравствени работници придонесе за почиста и поуредена околина, покажувајќи ја својата посветеност не само кон здравјето на граѓаните, туку и кон грижата за работната и животната средина. Акцијата вклучуваше чистење на дворот, уредување на зеленилото и отстранување на отпадоци.