Вторник, 17 ноември 2026 вторник, 17 ноември Струга 13°C Струга 13°C Пријави вест
Свет

Три лица убиени во пукотница во училиште во Илиноис

Објавено: · 1 мин читање
Три лица убиени во пукотница во училиште во Илиноис

о пукотница во близина на средното училиште „Линколн“ во американската држава Илиноис, напаѓачот убил три лица, а потоа извршил самоубиство, соопшти денес полицијата.

Осомничениот вчера околу 16:05 часот пукал од пушка кон возило во близина на средното училиште „Линколн“ во градот Бервин, објави „Њузвик“.

Командантот на полициската управа во Бервин, Мајкл Фелоус, изјави дека инцидентот „се чини дека е поврзан со семејна врска“.