Вести

Конечно е ослободен новинарот кој беше киднапиран пред две години

Францускиот новинар Оливие Дубоа, кој беше киднапиран од вооружени групи во Сахел пред речиси две години, денеска е ослободен, соопшти претставник на весникот Либерасион каде што работел. Дубоа, кој исчезна во Мали во 2021 година, пристигна денеска со авион на аеродромот Ниамеј во соседен Нигер. Изгледаше уморен, но насмеан, пишуваат француските медиуми. Тој беше првиот […]

Свет

Пакистанската полиција уапси десетици приврзаници на поранешниот премиер Кан

Пакистанската полиција уапси десетици приврзаници и помошници на поранешниот премиер Имран Кан во рации во два града, како дел од акцијата против лица вклучени во неодамнешните судири со безбедносните сили. Ова денеска го соопштија од полицијата и партијата на Кан Терек-Е-Инсаф (ПТИ). Приврзаниците на партијата се судрија со полицијата во градот Лахоре минатата недела, кога полицијата се обиде да го уапси […]

Вести

Ердоган: Турција никогаш нема да ја заборави меѓународната солидарност по

Турција никогаш нема да ја заборави солидарноста што ја покажаа Европската Унија и другите меѓународни организации по земјотресот што на 6 февруари ги погоди јужните турски провинции, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, јавува Анадолија. -Никогаш нема да ја заборавиме солидарноста што ја покажаа сите наши пријатели, ЕУ со нејзините институции, нејзините земји членки […]

Свет

Тајландските власти пронашле украден радиоактивен цилиндар

Тајландските власти денеска соопштија дека метален цилиндар со радиоактивен материјал кој исчезна од термоцентралата овој месец е пронајден во фабрика за рециклирање лим и оти се чини дека нема општа закана за јавното здравје. На 10 март од машина во електрана во провинцијата Прачинбури, 165 километри источно од Бангкок, исчезна мерниот цилиндар долг 30 сантиметри, кој го […]

Вести

САД ќе испратат во Украина нов пакет воена помош, вреден

САД се подготвени да испратат нова помош за Украина, вредна 350 милиони долари, а ќе се состои од оружје и опрема, соопштија денеска американските власти. Најавата за новиот пакет помош доаѓа во време на жестоки борби со руските сили за контрола на градот Бахмут. Помошта ќе се состои од големо количество разни видови муниција, чии […]

Вести

Смотрич: Палестинци не постојат

Крајнодесничарскиот министер за финансии на Израел, Безалел Смотрич, го негираше постоењето на палестински народ и рече дека тоа е концепт измислен пред помалку од 100 години. – Не постојат Палестинци затоа што не постои ма палестински народ, рече Смотрич синоќа на настан во Париз. Концептот, рече Смотрич, го измислиле „некои Арапи во регионот за да се борат […]

Вести

Населението во Италија се намалува со најнизок наталитет

Стапката на наталитет во Италија продолжува да опаѓа, покажуваат податоците објавени денеска од агенцијата за статистика Истат. Според последните податоци, во 2022 година се родени 392.598 деца. Тоа е 7.651 новороденче помалку отколку во 2021 година – и помалку од кој било период од обединувањето на земјата во 19-от век. Вкупното население се намалило за 179.000 луѓе за една година. На крајот на 2022 година, населението на Италија […]

Вести

Европската комисија ќе и даде милијарда евра помош на Турција

Европската комисија ќе и даде милијарда евра помош на Турција, која беше погодена од земјотреси, изјави денеска претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен на почетокот на меѓународната донаторска конференција. Таа говореше за земјотресот, кој однесе речиси 50.000 животи во Турција и Сирија, како најголема природна катастрофа што го погоди регионот во последните години. „Милиони […]

Свет

Цените на гасот во Европа паднаа на најниско ниво во

Цената на европскиот природен гас денеска падна под прагот од 40 евра (43 долари) за мегават час (MWh), што е најниска цена од јули 2021 година. Како што јави ДПА, во утринските часови, индексот на ТТФ берзата во Холандија за договори за испорака за еден месец падна на 39,65 евра. Цените на природниот гас драматично […]

Вести

Земјотрес во Романија

Силен земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Романија, а го почувствувале и граѓаните на Србија. Земјотресот е регистриран во 15:02 часот по локално време, на длабочина од 15 километри. Засега нема информации за материјална штета. Епицентарот на земјотресот бил на 13 километри северозападно од Таргу Зију, кој и претходно бил центар на потреси. (МИА)