По обработени 71,64 отсто од записниците во ЦИК на Бугарија, шест партии влегуваат во новиот Парламент. На прво место е коалицијата ГЕРБ-СДС со 26,33 отсто, или 448.705 гласови, а потоа следи коалицијата „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ – 24,89 отсто (424.165). Трета со 14,76 отсто или 251.599 гласови е партијата „Преродба“. На четврто место […]
Мило Ѓукановиќ го призна поразот во вториот круг на претседателските избори во Црна Гора и му честиташе на својот противкандидат Јаков Милатовиќ. „Го прифаќам ваквиот суд на демократската јавност на Црна Гора. Ѝ посакувам сè најдобро на Црна Гора, сакам новиот претседател да биде достоен на довербата што ја доби“, изјави Ѓукановиќ во својот изборен […]
Претседателскиот кандидат на Движењето Европа сега, Јаков Милатовиќ, освои 60,5 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори во Црна Гора, покажуваат проекциите на Центарот за мониторинг и истражување (ЦЕМИ) врз основа на 54,8 отсто од обработениот изборен материјал. ЦЕМИ соопшти дека 39,5 отсто гласале за претседателскиот кандидат на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Мило Ѓукановиќ. Според […]
Според првичните резултати од излезната анкета на агенцијата „Алфа Рисрч“ на денешните петти парламентарни избори во Бугарија во поледните две години, повторно не се наѕира јасен победник, бидејќи двете најсилни коалиции изборниот ден го завршуваат речеиси изедначено. Коалицијата „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“ освоила 26,4 отсто од гласовите на Бугарите, додека ГЕРБ-СДС имаат 25,5 отсто […]
Затворени се избирачките места во вториот круг од изборите за претседател на Црна Гора, излезноста до 19 часот се проценува на околу 67 отсто, а ќе следат и првите проценки за изборните резултати, јави МИНА. Во вториот круг се натпреваруваа актуелниот шеф на државата и кандидат на ДПС Мило Ѓукановиќ и Јаков Милатовиќ, кандидатот на […]
Во Финска предмалку заврши гласањето за парламентарните избори, а во моментов се пребројуваат гласачките ливчиња, пренесуваат британските медиуми. Според првичните податоци од гласањето, десничарската опозициска Национална коалициска партија на Петери Орпо води со 20,8 отсто, а финската Социјалдемократска партија на премиерката Сана Марин е речиси израмнета со 20,7 отсто од гласовите, наведуваат британските медиуми. На […]
Во експлозија во кафуле во вториот по големина руски град Санкт Петербург денеска е убиен познатиот руски воен блогер Владлен Татарски, потврди руското Министерство за внатрешни работи, јави ДПА. -Во инцидентот едно лице загина. Станува збор за воениот блогер Владлен Татарски, а повредени се 16 лица, соопшти руското МВР. Татарски, чие вистинско име е Максим Фомин, имаше повеќе од […]
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во телефонски разговор со рускиот колега Сергеј Лавров, организиран на негово барање, повикал на итно ослободување на американскиот новинар Еван Гершкович, кој неделава беше уапсен во рускиот град Екаринбург под сомнение за шпионажа, на што Лавров одговорил дека е неприфатливо случајот да се политизира. –Блинкен ја изрази големата загриженост на САД за руското неприфатливо апсење на американскиот новинар Гершкович, рече портпаролот на Стејт […]
Во Приштина денеска почна „Маршот за правда“, во кој, според првичните проценки, учествуваат неколку десетици илјади косовски граѓани за поддршка на лидерите на Ослободителната војска на Косово, чии судење ќе почне утре во Специјалниот суд во Хаг, пренесе Бета. Учесниците на маршот извикуваат слогани за ОВК, носат транспаренти со пароли „Слободата има име“ со слики […]
Најмалку 13 рудари загинаа, а двајца се водат за исчезнати откако поради поројните дождови дошло до хаварија во коп од рудникот за злато во Бурунди, соопштија властите. Гувернерот на северозападната провинција Цибитоке изјави дека рударите не можеле да бидат спасени откако во петокот вечерта се урнал копот поради обилните врнежи. Полицијата и другите агенции за […]