Британскиот крал Чарлс Трети синоќа на свечената вечера во Берлин рече дека Обединетото Кралство и Германија стојат покрај „Украина“ во одбрана на нејзината „слобода“ од руската агресија и дека ќе направат се што можат за да го зајакнат англо-германското пријателство. „Заедно стоиме во заштитата и унпаредувањето на демократските вредности што ги делиме. Заедно сме со […]
Претседателскиот кандидат на Демократската партија на социјалистите, Мило Ѓукановиќ синоќа изјави дека е уверен оти ќе победи во вториот круг од изборите на 2 април, без оглед на тоа колкава ќе биде излезноста и оцени дека Србија и Русија продолжуваат да се мешаат во изборните процеси и внатрешните политички состојби во Црна Гора. Гостувајќи на […]
Владиниот совет за национална безбедност со кој претседаваше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ја одобрил набавката на ракетните системи SPIKE- NILOS за потребите на армијата. Според грчките медиуми, станува збор за израелски ракетни системи, односно прецизно оружје што може да се користи и дење и ноќе, може да се постави на секаков вид на копнена […]
Папата Франциск (86) денеска е хоспитализиран во Рим, а неговите состаноци планирани за утре се откажани, објави Ватикан. „Светиот Отец е во болницата ‘Џемели’ каде што попладнево беше однесен на однапред договорени прегледи“, изјави портпаролот на Светата столица, Матео Бруни, без да даде други информации. Италијанскиот дневен весник „Кориере дела Сера“ објави дека Папата бил […]
Седум лица, од кои пет се белгиски државјани, еден турски и еден бугарски, денеска се приведени во рамки на истрагата за можни терористички напади, соопшти белгиското обвинителство. Тие беа приведени синоќа во рамки на акцијата против екстремистичките активности насочени кон радикализирање на младите. Повеќето од приведените се на возраст од околу дваесет години. Федералното обвинителство […]
Сенатот денеска во двопартиска усогласеност гласаше за укинување на резолуците донесени во 1991 и 2002 година за воени операции во Ирак, како прв чекор кон тоа Конгресот да си го врати правото да одлучува дали САД да одат во војна или не. За многумина, овластувањето што го поседуваше извршната власт, беше грешка. Во текот на […]
Генералното собрание на Обединетите нации денеска усвои резолуција со која се бара од Меѓународниот суд на правдата да ги дефинира обврските на државите во борбата против климатските промени, односно правно мислење кое ќе ги обврзе земјите да ги заострат мерките за оваа цел. Резолуцијата со која се бара советодавно мислење од Меѓународниот суд на правдата […]
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави денеска дека на меѓународните спортски манифестации кои ќе ги организира неговата земја ќе им биде забранет настап на руски и белоруски спортисти, дури и под условите кои за нив ги препорача Меѓународниот олимписки комитет (МОК) за учество под неутрални државни обележја. „Русите нема да настапуваат во Полска. Нема да има […]
Португалија поради поскапувањето на недвижностите и критиките од Европска Унија, одлучи да престане да дава престој и државјанство на жителите на Кина, Русија и други земји во замена за финансиски инвестиции. Со тоа заврши десетгодишната програма позната како „Златни визи“, преку која 31.000 странци влегоа во европската зона на движење без граници, објави денеска шпанскиот […]
Премиерот на Косово, Албин Курти денеска изјави дека договорот постигнат во Брисел и „патната карта“ за негова имплементација договорена во Охрид се јавни документи и дека е потребна нивна „точна и брза имплементација“, јави српската агенција БЕТА. – На 4 април во Брисел ќе се разговара за прашањето за имплементација на веќе договорениот договор. Договор […]