Првата жртва на кланот на Беливук била брутално убиена

Убиството на 22-годишниот Горан Михајловиќ од Ресник е извршено на поинаков начин од другите за кои беше обвинет криминалниот клан на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ. Горан беше киднапиран пред четири години и одведен во куќата на ужасите во Ритопек, а подоцна беше пренесен во куќа во Сурдук, каде што телото било запалено на гума, а неизгорените делови биле распарчени и потоа фрлени во Дунав од Пупин мост, објавија српските медиуми.

Горан Михајловиќ, за кој се верува дека е првата жртва на злогласниот клан, исчезна на 1 април 2019 година. За него ништо не се знаеше повеќе од две години, додека во септември 2021 година, Обвинителството за организиран криминал во соработка со припадници на српското МВР и Безбедносно-информативната агенција не собра докази за основаното сомнение дека бил намамен и убиен од криминалната група на членовите на Вељко Беливук.

Семејството го пријавило исчезнувањето на Михајловиќ седум дена подоцна, а на 12 април полицијата го пронашла автомобилот што тој го возел во Нови Белград за да се сретне со пријател. Во автомобилот имало и пиштол, пасош и лична карта.

Ликвидацијата на Горан Миухајловиќ беше планирана за март 2019 година, а во подготовката учествуваа Вељко Беливук и Никола Спасојевиќ. Беливук наводно му дал пари на Спасојевиќ и му рекол да купи работни комбинезони, чизми, капи, најлон, сајла, синџир, ракавици, чекани, боздоган и користени автомобилски гуми и ни помалку ни повеќе од 40 вреќи јаглен, објавуваат медиумите во Србија.

Тие го намамиле Михајловиќ да се сретне со Миљковиќ и Беливук, па го врзале во тајна просторија од гаражата во куќата на ужасите во Ритопек, а горниот дел од лицето до носот го залепиле со сива селотејп лента. Тој бил врзан во куќата во Ритопек и ја поминал цела ноќ помеѓу 1 и 2 април. Таа вечер го чувале Никола Спасојевиќ и Владе Драганиќ. Беливук им рекол да го чуваат и дека ќе го убијат наредниот ден. Им наредил да пукаат во него ако се мрда и им дал пиштол.

Следниот ден, односно 2 април 2019 година, Миљковиќ и Беливук дошле во Ритопек и му рекле на Спасојевиќ да донесе камион за да го превезе Михајловиќ до Сурдук. Во меѓувреме Драганиќ и Спасојевиќ го отруле Михајловиќ, го завиткале во најлон и го ставиле во камион.

Преку телото биле наредени вреќи со песок, во случај возачот Никола Спасојевиќ да биде сопрен од полиција. Во викендицата во Сурдук се било подготвено да се отстранат трагите на злосторството.

Според обвинението, Спасојевиќ со камион влегол во дворот на викендицата во Сурдук, додека пред него се возеле Беливук и Миљковиќ со автомобил „голф“.

Тие го извадиле телото на Михајловиќ, кое подоцна го положиле над јагленот.

Беливук потоа, како што се мисли, ги полил со бензин и гумите и ги запалил Михајловиќ. Кога пожарот изгаснал, Беливук и Миљковиќ, како што стои во обвинението, ги здробиле поголемите коски кои не биле изгорени и ги ставиле во вреќа. Помалите остатоци од коски и гуми ги фрлиле по карпата кон Дунав, додека вреќата ја ставиле во кабината на камионот.

За време на враќањето во Белград, во близина на мостот Михајло Пупин во Земун, Беливук наводно го запрел својот „голф“ и му рекол на Спасојевиќ да застане со камионот. Тој му ја зел вреќата и ги фрлил остатоците во реката.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *