Откако на 9 овој месец, Светиот Синод на Романската православна црква соопшти дека „го одобрува признавањето на автокефалност доделена на Православната црква во Република Северна Македонија од Патријаршијата на Србија преку нејзиниот синодален томос издаден на 5 јуни 2022 година“, на својот официјален портал basilica.ro, Патријаршијата на Романија објави дообјаснување на ваквата одлука. – За […]
Од под урнатините на зграда во јужниот турски град Кахраманмараш спасена е 42-годишната Мелике Имамоглу дури 222 часа по првиот разорен земјотрес што го погоди југот на Турција, јави агенцијата Анадолија. Имамоглу по 222 часа беше извлечена од урнатините во округот Оникишубат, Кахраманмараш, од тимовите за пребарување и спасување од Бурса. Откако е извлечена од […]
Онлајн петиција за промена на името на Русија во „Московија“ го доби потребниот број гласови за нејзино официјално разгледување. Петицијата е објавена на веб-страницата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, а е регистрирана од ноември минатата година. Нејзините автори бараат имињата „Русија“ и „Руска федерација“ да се заменат со „Московија“ и „Московска федерација“, како и сите […]
Американскиот претседател Џо Бајден и министерката за финансии Џенет Јелен предупредија на потенцијална економска криза доколку не се постигне договор за зголемување на горната граница на федералниот долг. Бајден, говорејќи во Националната асоцијација на окрузи во Вашингтон, рече дека многу локални влади се опоравиле од пандемијата, но дека „некои во Конгресот го ставаат на ризик […]
Шпанската полиција откри тајна лабораторија во центарот на Барселона, каде криминална организација произведувала шарени гумени бонбони со марихуана, а потоа ги испраќала во Хрватска, Италија, Франција, Португалија, Германија и Холандија. Пронајдени се 70 пакувања, 5.000 бонбони со марихуана, 12 килограми марихуана и шест килограми хашиш, соопшти шпанската цивилна гарда. Пронајден е и материјал за производство, […]
Наивно е да се бара од Украина да ги прекине воените дејствија за побрзо да заврши војната. „Велам „наивно“ за да не користам посилен збор. Ако ја прекинеме воената поддршка за Украина, нема да има мир, а Русија ќе победи. Тоа ќе биде екстремна закана за нашата безбедност. За да постигнеме мир, мораме уште повеќе […]
Утрово се случи сообраќајна незгода на регионалниот патен правец Охрид- Струга , на самата раскрсница кај село Мислешево. Во незгодата дошло до судар на две патнички моторни возила од кои едното е излетано од коловозот. Во моментов на лице место се полициски екипи каде се врши увид а можно е да биде затворен за сообраќај […]
АД ЕСМ на 14.02.2023 година произведе 20.088 MWh електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти. Во Термоелектраните произведени се 15.866 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 4.222 MWh. Податоците се преземени од […]
Според најновите податоци, во разорниот земјотрес во Турција животот го загубија 35.418 лица, а во Сирија најмалку 5.800 луѓе. Речиси 100.000 се повредени. Земјотресот погоди 13 милиони луѓе, вклучувајќи околу седум милиони деца. Повеќе од 200.000 луѓе учествуваат во потрагата и спасувањето. Близу 20.000 повредени се на болничко лекување. Во десет турски провинции, заедно со […]
Смртните случаи поврзани со Ковид-19 надминаа 80.000 во Кина од почетокот на декември, објави денеска „Џијангкан шибао“, пренесува ТАСС. Според кинеското издание, бројот на починати од 8 декември до 9 февруари изнесува 83.150. Од почетокот на годината стапката на смртност почна да се намалува. Најмногу заразени починале на 4 јануари – 4.273, додека на 6 […]