Србија е единствената европска земја која одби да воведе санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина. Сепак, таа се согласи да достави оружје за Кијив или веќе го испрати, наведува Ројтерс, кој се повикува на обелоденети тајни документи на Пентагон. Документот, резиме на одговорите на европските влади на барањата на Украина за воена обука […]
Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека протекувањето на американските тајни документи за судирот во Украина „можеби е измама што Вашингтон свесно ја пласираше со цел на кампања за дезинформации за да ја измами Русија“. Тој додаде дека Москва во оваа фаза, „немаме мислење за тоа“. Со оглед на тоа што САД […]
Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска ги демантираше наводите за наводен извоз на оружје и воена опрема во Украина, кои ги објави британската агенција Ројтерс, јави дописникот на МИА од Белград. – Министерот Дачиќ изјави дека Република Србија, почитувајќи ги внатрешните и меѓународните правни акти, не извезува оружје и воена опрема […]
Јапонското население се намалува 12-та година по ред и во 2022 година имаше 556.000 жители помалку отколку една година порано, покажуваат најновите официјални статистички податоци. Од 1 октомври населението, вклучувајќи ги и странските државјани, изнесуваше 124.947.000, додека бројот на јапонски државјани е намален за 750.000 на 122.031.000, што е најголем пад од 1950 година, покажуваат […]
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека Русија не е одговорна за експлозијата на гасоводите Северен поток во септември минатата година и навести дека САД би можеле да бидат вмешани во инцидентот. Не сакам да ја доведам нашата земја во неволја, затоа нема да одговорам. Но, можам да ви кажам […]
Албанската Централна изборна комисија (ЦИК) распредели средства на партиите за 2023 година, врз основа на бројот на пратеници во Собранието по изборите во 2021 година. Социјалистичката партија е политичката сила која добива најголем фонд, односно 151.494.783 лека. Потоа следува Демократската партија со фонд од 106.661.181 лека, додека третото место го зазема Партијата на правдата, интеграцијата […]
Речиси 100 припадници на специјалните единици на земјите на НАТО се присутни на територијата на Украина на почетокот на оваа година, се наведува во еден од десетиците доверливи американски документи кои протекоа на Интернет. Објавените разузнавачки документи, од кои некои се означени како „строго доверливо“, даваат детална слика за конфликтот во Украина, вклучувајќи чувствителни детали […]
Исчезнувањето на ватиканската ученичка Емануела Орланди пред 40 години, што е една од најдолгогодишните мистерии во Италија, влезе во ново поглавје. Братот на исчезнатата ученичка се сретна со ватикански истражител овластен од папата Франциск да се обиде да го расветли случајот. Станува збор за 15-годишната ќерка на службеник на Ватикан, која не се вратила дома […]
Светска банка е подготвена да го направи својот дел во обновата на Украина, по уништувањето во руската инвазија, но меѓународните финансиски институции не можат сами да ја обезбедат целата сума, затоа треба да се вклучат и западноевропските земји, изјави синоќа претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас. Говорејќи на пролетниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) […]
Русија успешно лансираше интерконтинентална балистичка ракета од локација на југот на земјата, соопшти рано утринава Министерството за одбрана, испраќајќи ново предупредување до своите непријатели. Ракетата со долг дострел беше лансирана од полигонот Капустин Јар во регионот Астрахан, на брегот на Каспиското Море. Пробната боева глава подоцна погоди објект во сојузничката земја Казахстан како што беше […]