Советот на Европската унија денеска во рамките на Европскиот фонд за мировна помош (ЕПФ) одобри една милијарда евра кои треба да им бидат исплатени на земјите-членки како компензација за трошоците за муниција донирана на Украина од постоечките залихи. „Со денешната одлука го операционализираме првиот дел од историскиот договор постигнат од лидерите на ЕУ за итна […]
Србија не извезува оружје или муниција во Украина и нема документ што би го покажале истото, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ. Продаваме муниција, не на Украина и Русија – многу внимаваме на тоа, рече Вучиќ одговарајќи на новинарски прашања по средбата со Србите од Косово. Како што рече, ако и продадете нешто на Турција, тоа […]
Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој со премиерката Ана Брнабиќ и членови на владата е на средба со Србите од Косово во Рашка, им порача да се почитуваат одлуките што ќе се донесат на средбата и дека единствената цел на Приштина е да ги испровоцира Србите за да се претстават како жртви на „Зеленски“ и да […]
Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој со премиерката Ана Брнабиќ и членови на владата е на средба со Србите од Косово во Рашка, им порача да се почитуваат одлуките што ќе се донесат на средбата и дека единствената цел на Приштина е да ги испровоцира Србите за да се претстават како жртви на „Зеленски“ и да […]
Во Фламанскиот регион во Белгија е предложено намалување на возраста за гласање на 16 години на локалните избори, јавува Анадолија. Предлогот доставен до Регионалниот совет од страна на Социјалистичката партија на Вооруит се планира да биде разгледан во наредните недели. Се очекува одлуката за овој предлог да биде донесена пред летото, со цел навремена подготовка […]
Француската министерка за спорт Амели Удеа-Кастера најави дека целата планирана инфраструктура ќе биде завршена до почетокот на Олимписките игри, кои идната година од 26 јули до 11 август ќе се одржат во Париз. Надлежната министерка во изјава за радио Франс инфо рече дека планираниот буџет за ОИ не излегол од контрола, иако е ревидиран. Удеа-Кастера […]
Таткото на руското девојче испратено во сиропиталиште откако во училиште нацрта антивоен цртеж, е екстрадиран од Белорусија назад во Русија, од каде што побегнал од двегодишната затворска казна, објави денеска група за човекови права. Алексеј Москаљов избега од домашен притвор непосредно пред неговата пресуда минатиот месец во градот Јефремов, јужно од Москва. Два дена подоцна […]
Бројот на погинати од циклонот Фреди во Малави се зголеми на над 1.000 лица, а повеќе од половина милион се раселени, изјави претседателот на земјата, Лазарус Чаквера. -Циклонот погоди околу два милиона лица, додаде тој, пренесува Анадолија. Претседателот ги повика жителите на Малави да работат заедно додека земјата закрепнува од катастрофата што оштети 405 километри […]
Шпанската влада го отфрли предлогот на автономната област Каталонија за одржување референдум за независност, јави ДПА. -Додека е владата на премиерот Санчез, нема да има референдум за независност на Каталонија, изјави министерката за финансии и јавни услуги, Марија Хесус Монтеро Куадрадо, во Мадрид. Таа посочи дека каталонската Влада, на регионалниот премиер Пере Арагонес, мора да се […]
Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека во тек се најжестоките борби со руските сили во областа Бахмут, каде Русите се обидуваат да преземат целосна контрола над градот. Украинските сили посочуваат дека Русите гранатираат некои населени места. Руските војници спроведуваат офанзивни операции во четири правци – во правец на Лиман, Бахмут, Авдијевка и […]