Вести

Стејт департмент: Недостиг на судска и медиумска независност и корупцијата

Недостатоци во независноста и интегритетот на судството, недостиг на независни медиуми, и тековната корупција во владата, органите на прогонот и локалните институции се главните проблеми во Албанија во текот на изминатата година, се наведува во извештајот на американскиот Стејт департмент. Се додава дека иако Уставот предвидува независно судство, „политичкиот притисок, заплашувањето, корупцијата и ограничените ресурси […]

Свет

Нов фонд на НАТО, вреден 1,1 милијарда долари и наменет

Новиот фонд на НАТО, вреден 1,1 милијарда долари, е наменет за инвестиции во европски стартап компании кои развиваат технологија и апликации со можни воени или одбранбени цели и ќе биде со седиште во Холандија. Холандското Министерство за економија соопшти дека фондот официјално ќе биде пуштен во употреба за време на годишниот самит на НАТО во […]

Свет

Макрон ќе и се обрати на нацијата утре кога ќе

Еден ден по отфрлените две гласања за недоверба на Владата на француската премиерка Елизабет Борн во Националното собрание (долниот дом на францускиот Парламент), францускиот претседател Емануел Макрон и натаму е под притисок. Тој за денеска закажа серија консултации, пренесоа француските медиуми. Во 9 часот по локално време тој ќе има средба со француската премиерка. Потоа […]

Вести

Вклучени и пациенти од Македонија: Ковид-19 поврзан со зголемена опасност

Ковид-19 е поврзан со зголемена опасност од развој на подоцнежни гастроинтестинални нарушувања, вклучително и синдром на нервозно дебело црево, според истражување спроведено во 14 земји ширум светот. Испитувањата опфатиле 2.183 пациенти згрижени во 36 болнички установи во 14 земји: Италија, Бангладеш, Кипар, Египет, Израел, Индија, РС Македонија, Малезија, Романија, Руската Федерација, Србија, Шпанија, Шведска и […]

Свет

Бајден го потпиша законот за транспарентност за потеклото на пандемијата

Американскиот претседател Џо Бајден доцна синоќа изјави дека потпишал закон со кој се дозволува декласификација на документите за потеклото на пандемијата на коронавирусот што првпат се појави во Кина. „Треба да дојдеме до потеклото на пандемијата на коронавирусот за подобро да ги спречиме идните пандемии. Мојата администрација ќе декласифицира и ќе објави што е можно […]

Балкан

Францускиот амбасадор во Приштина најави последици доколку не се почитуваат

Францускиот амбасадор во Косово Оливие Геро изјави дека косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ „ќе ги сносат последиците“ доколку не ги почитуваат договорите што ги постигнаа во Брисел и Охрид. „Внимателно ќе го следиме почитувањето на овие договори. Ќе има последици доколку не се почитуваат овие договори, треба да се знае дека […]

Вести

Блинкен остро го искритикува Си Џинпинг поради „дипломатско прикритие“ на

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен укажа дека кинескиот претседател Си Џинпинг му прави „дипломатско прикритие“ на рускиот лидер Владимир Путин, во време кога Кремљ води војна во Украина. За време на брифингот во Стејт департментот синоќа Блинкен укажа дека САД очекуваат во текот на неговата тридневната посета на Москва Си Џинпин да ги повтори повиците […]

Вести

Научниците со последно предупредување за климатската криза: Да се дејствува

Научниците издадоа „последно предупредување“ за климатската криза, со оглед дека зголемените емисии на стакленички гасови го туркаат светот на работ на непоправлива штета што само брза и драстична акција може да ја спречи. Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC), составен од водечки светски научници за климата, денеска го објави последниот дел од својот шести извештај […]

Вести

Јапонскиот премиер Кишида пристигна во ненадејна посета на Киев

Јапонскиот премиер Фумио Кишида пристигна во ненадејна посета на Киев, јавија јапонските медиуми. Кишида е единствениот лидер на Г7 кој се уште не ја посетил Украина од почетокот на руската офанзива кон крајот на февруари минатата година. Се очекува тој да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а двајцата ќе разговараат за јапонската поддршка […]

Свет

ЕИБ ќе обезбеди 500 милиони евра за обнова на Турција

Европската инвестициска банка привремено ја укина речиси четиригодишната забрана за финансирање во Турција за да обезбеди 500 милиони евра за реконструкција на земјата по земјотресот. ЕИБ практично ги суспендираше сите заеми за Турција по спор за нафта и гас кај Кипар во 2019 година, но сериозноста на минатомесечниот земјотрес во кој загинаа речиси 56.000 луѓе […]