Свет

Зеленски ќе ја прими наградата Карло Велики на 14 мај

Наградата Карло Велики оваа година треба да му биде врачена на украинскиот претседател Володимир Зеленски на 14 мај, иако не е јасно дали тој лично ќе го прими признанието. Меѓународната награда Карло Велики од Ахен се доделува за сработеното во служба на европското обединување. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе одржи говор […]

Свет

Времето и локацијата на пролетната офанзива на Киев остануваат тајна

Плановите на Киев за враќање на териториите окупирани од Русија се строго чувани, при што малку луѓе знаат за локацијата и времето на пролетната офанзива, преесува ДПА. – Најмногу три до пет луѓе знаат за плановите, изјави секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност Олексеј Данилов во радио-интервју. – Информациите за тоа каде, кога и […]

Свет

САД во трговијата го префрлаат својот фокус на домашното производство

САД го пренасочија својот фокус од либерализацијата на трговијата кон инвестициите во домашното производство и соработката со „земјите – истомисленици“, рече американскиот трговски претставник Кетрин Таи, предупредувајќи на пречки во областа на регулативата и заштитата на животната средина. Во говор на Правниот факултет на Американскиот универзитет во Вашингтон таа рече дека традиционалниот пристап заснован на […]

Свет

Француските власти соопштија дека 570.000 луѓе денеска протестирале низ целата

Околу 570.000 луѓе протестираа денеска во Франција, вклучително и 57.000 во Париз, на 11-тиот ден од протестите против пензиските реформи, соопшти Министерството за внатрешни работи. Бројот на демонстранти е многу помал од претходните протести на 28 март, кога властите избројаа 740.000 демонстранти во Франција, од кои 93.000 во Париз. Инциденти денеска имаше во Рен и […]

Свет

Поради шумски пожар на југот на Шпанија евакуирани 70 жители

Околу 70 жители беа евакуирани од шпанскиот регион Андалузија бидејќи силните ветрови го шират пожарот со кој се борат пет противпожарни служби, соопштија денеска локалните власти. Противпожарните служби соопштија дека брзината на ветерот од 80 километри на час го разгорел пожарот што избувна вчера во Тарифа во близина на населбата Ел Чапарал, чии жители превентивно […]

Свет

Песков: Русија внимателно следи што работат Србија и НАТО

Русија многу внимателно ќе ги следи воените вежби „Платинест волк“ што Србија ги изведува со САД и 10 други земји, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јави дописникот на МИА од Белград. -Што се однесува до наведените вежби, секако ќе ги следиме многу внимателно – одговори Песков на новинарското прашање дали Русија е загрижена од […]

Свет

Украина лансираше мобилна апликација за пронаоѓање исчезнати деца

Украина денеска лансираше мобилна апликација за помош во пронаоѓањето на децата кои исчезнале за време на повеќе од 13 месеци војна во таа земја, соопшти украинската полиција. Според проценките на Киев, 19.544 деца биле депортирани во Русија за време на војната, а 328 од нив се вратиле во земјата, пренесува Скај Њуз. „Тоа е еден […]

Свет

ММФ: Глобалниот раст ќе остане под три проценти во 2023

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска соопшти дека светската економија ќе доживее еден од најслабите периоди на раст во последните неколку децении и оти растот ќе биде помал од три проценти во 2023 година. – И покрај силата на пазарот на труд и потрошувачката на потрошувачите во повеќето напредни економии, како и закрепнувањето поврзано со повторното […]

Свет

Германија бара построги правила во ЕУ

Германската влада сака ЕУ да ги заостри правилата за отпишување на долговите за високо задолжените земји, објави денеска „Фајненшл тајмс“. Таа повикува на воведување правила кои би поздразбирале намалување на учеството на долгот во БДП за еден процент годишно, додека помалку задолжените земји би морале да го намалат за половина процент годишно односот на долговите […]

Свет

Борел идната недела во посета Кина

Европскиот комесар за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, следната недела ќе ја посети Кина, продолжувајќи ја серијата посети на високи европски претставници на Пекинг. „Борел ќе ја посети Кина од 13 до 15 април“, изјави Петер Стано, портпарол на Службата за надворешни работи на ЕУ. Францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија […]