Кандидатот за претседател од СДСМ Стево Пендаровски кој на овие избори бара доверба за втор претседателски мандат во обраќање вечерва порача дека се надева на поголем одзив од гласачите во вториот круг кој ќе се одржи на 8. мај.
– Од утре е нов ден. Веќе од утре почнуваме со средби со граѓани кои ги практикуваме и досега. Тргнуваме практично од нула да го промовираме нашиот концепт, порача тој вечерва од изборниот штаб на СДСМ.
– Ги охрабрувам граѓаните да излезат. Очекувам уште поголем одзив и позначаен број на граѓани да го препознаат концептот кој го промовирам, демократска, просперитетна држава, европско-интергирана држава.