Силната поддршка на Грција за Украина, украинскиот народ и неговото право да ја брани својата татковина и да го врати суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата, изразил министер за одбрана на Грција Никос Панајотопулос на денешната средба со неговиот украински колега Олексеј Резников, јави дописничката на МИА од Атина. Панајотопулос, како што пренесе грчката новинска […]
Францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ги завршија состаноците со кинеските лидери со молба за помош за враќање на мирот во Украина и предупредување да не се снабдува Русија со оружје, јави ДПА. – Вооружување на агресорот би било против меѓународното право и значително ќе им наштети […]
Водата за пиење во Франција е во голема мера загадена со метаболити на хлороталонил, пестицид забранет во 2019 година, се вели во извештајот објавен денеска од Националната агенција за безбедност на храна, животна средина и здравје при работа. Се додава дека дури 34 отсто од водата што се дистрибуира во Франција не е во согласност […]
Денеска во Тирана беше потпишан договорот меѓу Албанија и Обединетите Арапски Емирати за кибер-безбедност, што за премиерот Еди Рама е од извонредно стратешко значење “бидејќи се однесува на суверенитетот и интегритетот на земјата”. На заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на ОАР, шеикот Абдула Бин Зајед Ал Нахјан, по потпишувањето на договорот, Рама рече […]
Земјите од Европската Унија се договорија да купат огромно количество муниција за Украина, но се уште не можат да одлучат од кого ќе ја добијат, објави „Политико“ повикувајќи се на свои извори. Како што се наведува, останува прашањето дали договорите за набавка на муниција за Киев ќе се склучуваат исклучиво со компании од ЕУ или […]
Косовскиот премиер Албин Курти денеска на седницата на Собранието на Косово ја пофали работата и посветеноста на Владата во двегодишниот период, додека пратениците од опозицијата беа многу критични на извештајот за работата на Владата на Косово. Курти рече дека за двете години од работењето на Владата се отворени 37.000 работни места и дека фокусот на […]
Полицијата во Хрватска, користејќи група креирана на WhatsApp како неформален начин за комуникација за мигрантите, го прекршила законот, покажува истражувањето на повеќе медиуми во Хрватска. Во ноември минатата година, шеесет принтскрин фотографии од разговорот во групата беа доставени до непрофитната истражувачка редакција Lighthouse Reports, кои прикажуваат одбрани делови од комуникацијата на врвот на хрватска полиција […]
Франција денеска се соочи со нов бран протести и штрајкови во повеќе градови земјата, по неуспешниот состанок меѓу француската премиерка Елизабет Борн и синдикатите околу нацрт-законот за пензиските реформи со кои се зголемува старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години. Демонстрантите започнаа протестен марш во Париз, а полицијата употреби солзавец двапати на протестите […]
Папата Франциск ги повика денеска свештениците да избегнуваат да ги подгреваат поделбите во Црквата и секогаш да се стремат кон хармонија доколку сакаат да ги вратат верниците. Тој им се заблагодари на свештениците за доброто што го прават, а кое толку често останува непризнаено, апелирајќи до нив да се повикуваат на Духот не само како […]
Високиот меѓународен претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит ги повика надлежните институции да ги истражат и гонат лицата кои го негираат геноцидот во Сребреница. „Нема место во цивилизирано општество за глорификација на воените злосторства и негирање на геноцидот“, порача Шмит во објавата на официјалниот Твитер профил на ОХР, откако претседателот на Република Српска Милорад […]