Свет

Рубљата падна на 11-месечен минимум во однос на доларот

Руската рубља денеска падна на најниско ниво во последните 11 месеци во однос на американскиот долар и еврото. Имено, еврото зајакна во однос на рубљата за 1,11 отсто и во 11:56 часот по средноевропско време се продаваше по 88,8501 рубља за евро. Во текот на изминатите шест месеци, валутата на еврозоната напредуваше за 48,76 отсто […]

Балкан

ДПС ја прифати оставката на Ѓукановиќ, за в.д. претседател на

Главниот одбор на Демократската партија на социјалистите (ДПС) денеска ја прифати оставката на претседателот Мило Ѓукановиќ од лидерската позиција во партијата, а за в.д. претседател е назначен Данијел Живковиќ, пишува подгорички „Вијести“. Одлуката е донесена на седница на Управниот одбор во Подгорица. Претходно беше најавено дека освен оставката на Ѓукановиќ, теми на седницата ќе бидат […]

Свет

Берлускони почна со хемотерапија

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (86), кому му беше дијагностицирана леукемија, е во стабилна состојба и денеска почна со хемотерапија. Ова денеска го изјави добро информиран извор и додаде дека почнал со интензивна терапија, пренесуваат италијанските медиуми. Како што се наведува, во текот на вчерашниот ден Берлускони го посетиле неговиот брат Паоло, помладиот син Луиџи […]

Свет

Кралот Чарлс го покани Бајден во посета на Британија, американскиот

Британскиот крал Чарлс Трети го покани американскиот претседател Џо Бајден да го посети Обединетото Кралство, а претседателот Бајден ја прифати поканата, соопшти Белата куќа. Поканата е упатена за време на разговор меѓу Бајден и Чарлс Трети, при што американскиот претседател го информирал британскиот крал дека првата дама на САД би сакала да присуствува на неговото […]

Балкан

Интерактивни табли во грчките училишта

Средните училишта во Грција, како и последните две одделенија од основите училишта ќе добијат интерактивни табли, нова дигитална алатка која ќе помогне во наставата, јави дописничката на МИА од Атина. Планирано е да бидат поставени вкупно 36.000 интерактивни табли, а проектот во вредност од 150 милиони евра е со средства од Фондот за закрепнување на […]

Балкан

Поранешен командант на ОВК треба да плати и отштета на

Еден од командантите на ОВК, Салих Мустафа, кој беше осуден од Специјалниот суд на Косово на 26 години затвор за воени злосторства, киднапирање, тортура и убиства на албански цивили во април 1999 година во селото Злаш, мора да плати вкупно 207.000 евра отштета на настраданите. Советот на Специјалниот суд го прифати предлогот на адвокатите на […]

Балкан

Над 150 свештеници од надбискупијата во Балтимор сексуално злоупотребиле повеќе

Повеќе од 150 католички свештеници поврзани со надбискупијата во Балтимор сексуално злоупотребувале над 600 деца и главно не биле повикани на одговорност за злосторството, се наведува во вчера објавениот државниот извештај, со што се открива обемот на злоупотребата во период од 80 години. Извештајот содржи сериозни обвинувања против надбискупијата, најстарата римокатоличка епархија во САД, која […]

Свет

Германските институции мета на хакерски напади

Германија веќе трет ден е изложена на големи хакерски напади, а мета се министерствата, полицијата, како и интернет-страниците на покраинските институции. Канцеларијата на јавниот обвинител соопшти дека постојат индиции за проруска заднина на овој хакерски напад кој ги парализираше веб-страниците на голем број германски институции. Главниот портал на покраината Шлезвиг-Холштајн беше привремено недостапен во средата. […]

Свет

Италија ја истражува Мета

Италијанскиот регулатор за пазарна конкуренција соопшти дека покренал истрага против сопственикот на Фејсбук, Мета, тврдејќи дека ја злоупотребил својата доминантна позиција на пазарот во преговорите со друштвата на уметниците за исплата на хонорари за објавување на нивните дела. Италијанското друштво СИАЕ претставува актери, танчери и други уметници и преговараше за лиценца со Мета за користење […]

Балкан

Малолетниците во Србија нема да можат да купуваат е-цигари

Министерството за внатрешна и надворешна трговија на Србија соопшти дека почнува со работа на измените на Законот за заштита на потрошувачите коишто ќе се однесуваат на забраната за продажба на електронски цигари и други производи со или без никотин на малолетни лица. Одлуката е донесена по добиените резултати од истражувањето на Здружението „Родител“ спроведено лани […]