ООУ ,,Браќа Миладиновци” од Струга е државен првак во ракомет за основни училишта

Екипата на ООУ ,,Браќа Миладиновци“ од Струга е победник на Државното ракометно првенство за основни училишта што се одржа во спортската сала ,,Нико Нестор“ во Струга.

На ова првенство се натпреваруваа уште три екипи, од основни училишта од Битола, Скопје и Богданци.

Ракометарите од ООУ ,,Браќа Миладиновци“ од Струга во полуфинале ја победија екипата од Богданци, а во финалето славеа над екипата од Битола со резултат 18:13.

,,Станува збор за многу талентирани деца, дел од нив играат и во пионерскиот тим на РК Струга. Напорно работевме за овој државен натпревар и очекувавме ваков резултат“, изјави за Strugaonline нивниот професот по физичко и здравствено образование, Жарко Ферукоски кој го предводеше тимот.

Ова беше трето финале за  учениците од ООУ ,,Браќа Миладиновци“ . Изминатите две години беа вицешампиони, а оваа година ја освоија посакуваната титула.

извор:StrugaOnline

ОСТАНАТИ ВЕСТИ