Вести

Пет и пол километри гледал како возот се движи во

Шефот на станицата направил повеќе од една грешка поради кои дојде до судир на возови во вторникот вечерта, што резултира со 46 смртни случаи и десетици повредени. Според информациите од грчката полиција, шефот на станицата во Лариса цели 5,5 километри го гледал патничкиот воз како се движи во погрешен правец и не ги користел технолошките […]

Вести

ФОТО: „Пиши кога ќе стигнеш“ – симболична поддршка и порака

Ученици од неколку училишта во различни делови на Грција одбраа на свој начин, преку пораки „испишани“ со помош на нивните ранци, да изразат поддршка, но и протест за железничката несреќа со најмалку 46 жртви. Во пораките на учениците преовладува фразата „Пиши кога ќе стигнеш“ која по трагедијата е актуелна на социјалните мрежи во Грција по […]

Вести

„МАМО ОДИ СПИЈ, ДОЦНА Е“: Последниот телефонски повик на исчезнатото

Вознемиреноста на роднините и пријателите е огромна за лицата кои се наоѓале во кобниот воз кој во Лариса се судри со товарен воз. Меѓу нив е и 20-годишниот Анастасиос Куцопулос од Кардица. „Немаме вести од него, чекаме да го слушнеме. Знаеме дека дефинитивно не беше во првиот вагон“, изјави за АНТ1 неговата девојка Мариета Александрис […]

Вести

Половина Аргентина е без струја од голем пожар

Повеќе од половина од територијата на Аргентина остана без струја откако пожар ја оштети националната електрична мрежа, јави Би-би-си. Главниот град Буенос Аирес, други поголеми градови и значителен дел од руралните области се целосно или делумно без струја додека Аргентина се бори со топлотниот бран и сушата. Се претпоставува дека пожарот избувнал на отворен простор, […]

Балкан

СЕ ВАДАТ И УТРОВО НОВИ ЈАГЛЕНОСАНИ ТЕЛА – се зголемува

Седум јагленосани тела на патници биле утрово извлечени од остатоците од еден од вагоните, со што бројот на загинати во железничката несреќа во Грција се зголеми на 46 лица, според официјалните податоци од Противпожарната служба. Портпаролот на Противпожарната служба на Грција Василиос Ватракојанис информираше дека операцијата за пребарување и извлекување на местото на железничката несреќа […]

Свет

Најмалку двајца загинати во руски напад врз станбена зграда во

Најмалку две лица загинаа во руски напад врз станбена зграда во Запорожје, на југот на Украина, соопштија денеска локалните власти. „Луѓето се под урнатините. Според прелиминарните информации, две лица загинаа“, изјави градскиот функционер Анатолиј Куртев за Телеграм. Тој додаде дека зградата е „практично целосно уништена“ во нападот.

Свет

Зградите во Адијаман биле полни со живот пред земјотресот, сведочи

Тимот на Дирекцијата за заштита и спасување, кој веднаш по разорниот земјотрес во Турција, беше испратен да помогне во пронаоѓањето на преживеани и учествуваше во извлекувањето на 38-годишната жена, во разговор за МИА открива дека нејзиното извлекување од урнатините траело цели осум часа. По пристигнувањето во градот Адијаман, веднаш почнала потрагата по преживеани, но првиот […]

Балкан

Со 160 км/ч се судриле возовите на смртта – објавен

Објавени се разговорите меѓу шефот на станицата во Лариса и машиновозачот на патничкиот воз Интерсити 62, кој во вторникот вечерта се судри со товарен воз. Во несреќата загинаа најмалку 43 лица, а повеќе од 80 се повредени. Се верува дека стационарецот без да знае за тоа му дал на машиновозачот „зелено светло“ да се престрои […]

Вести

Во Израел насилно задушени протестите на опозицијата против судските реформи

Во Тел Авив избија судири меѓу полицијата и демонстрантите против судските реформи што Владата сака да ги спроведе, а кои тие ги сметаат за антидемократски, откако два спорни нацрт-закони го поминаа своето прво читање во Парламентот. На протестите во Тел Авив против реформите, поради кои беше запрен сообраќајот на неколку патишта, полицијата употреби водени топови […]

Вести

САД одобри продажба на оружје за Тајван во вредност од

САД одобрија потенцијална продажба на оружје за Тајван во вредност од 619 милиони долари, а во оваа сума се вклучени и ракети за борбени авиони Ф-16, во моменти кога Тајван секојдневно јавува за упад на кинеските воздухопловни сили во неговиот простор за воздушна одбрана. Продажбата на оружје веројатно дополнително ќе ги влоши и онака заладените […]