Зеленски по акциите против црквата под влијание на Русија: Украина бара духовна независност

Казнените мерки на Украина против огранокот на Православната црква поврзана со Русија се дел од напорите да се постигне „духовна независност“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски и другите украински лидери ја обвинија Украинската православна црква – Московската патријаршија, која е под црковна јурисдикција на Руската православна црква, за поткопување на единството на Украина и соработка со Москва.

Властите минатиот петок ѝ наредија на црквата да ја напушти својата база во 980 години стариот манастирски комплекс Печерск Лавра, поради што рускиот православен патријарх Кирил побара од папата Франциск и другите верски водачи да помогнат да се стави крај на репресијата.

– Оваа недела беше направен уште еден чекор кон зајакнување на нашата духовна независност, рече Зеленски во синоќешното видео-обраќање, без директно да се осврне на наредбата.

Украинците, рече тој, реагираа позитивно.

– Ќе продолжиме со ова движење. Нема да дозволиме терористичката држава да манипулира со духовниот живот на нашиот народ, да ги уништи украинските свети места – нашите Лаври – или да ги украде вредностите од нив, рече тој.

Кирил силно ја поддржа руската инвазија врз Украина. Во апелот тој ги повика верските водачи и меѓународните организации „да направат се за да го спречат насилното затворање на манастирите“.

Службата за безбедност на Украина врши претреси во црквите на УПЦ од октомври, воведе санкции за нејзините епископи и финансиски поддржувачи и отвори кривични случаи против десетици свештеници.

Црквените власти велат дека тоа место и милиони негови верници се жртви на лов на вештерки.

Православието е примарна религија во Украина, а црквата поврзана со Москва се натпреварува за верници со независната православна црква, основана по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, но признаена од црковната хиерархија дури во 2018 година.

Министерството за култура на Украина и даде рок на црквата поврзана со Москва до 29 март да го напушти манастирскиот комплекс Печерск Лавра.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *