Свет

Зеленски ги повика сојузниците да ја забрзаат поддршката за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика сојузниците да ја „забрзаат“ поддршката за неговата земја, која беше нападната од Русија пред речиси една година, и нагласи дека „нема алтернатива за победата на Украина“. „Ни треба брзина. Брзина за склучување договори, брзина во испораките за зајакнување на нашата борба, брзина во одлуките за ограничување на рускиот […]

Свет

Силен земјотрес ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала ги погоди индонезиските острови Танимбар во провинцијата Малуку, соопшти Агенцијата за геофизика на земјата, додавајќи дека нема опасност од цунами. Според соопштението, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 97 километри. Засега нема извештаи за евентуални жртви или материјална штета.

Балкан

Грчката Влада ќе покрене иницијатива за проверка на сеизмичката издржливост

Антисеизмичката заштита и издржливост на јавните објекти, пред сѐ на училиштата и болниците, била главната тема на денешниот состанок на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со надлежните министри, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. На состанокот станало збор за контролите на конкретните објекти и нивната сеизмичка издржливост, прашање за кое во текот на следната седмица ќе бидат […]

Свет

Во Лондон осуден чуварот на Британската амбасада на 13 години

Човек кој и доставувал на Русија многу чувствителни информации додека работел како обезбедување во Амбасадата на Велика Британија во Берлин, денеска е осуден на 13 години и два месеци затвор пред судот во Лондон. Судот го сослуша 58-годишниот Дејвид Балантајн Смит кој собирал доверливи информации повеќе од три години, вклучително и „тајни“ владини комуникации со […]

Свет

Пастор се обидел да пости како Исус па починал

Пасторот Франциско Барајах почина откако се обидел да пости 40 дена, по примерот наведен во Библијата, имитирајќи го Исус. Бараја (39) воедно и основач на Евангелистичката црква Санта Триндад, починал во болница во градот Беира, каде што бил префрлен во критична состојба, при што му е констатирана акутна анемија и откажување на органите за варење. […]

Свет

Борел на 27 февруари ќе свика состанок на високо ниво

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел на 27 февруари во Брисел ќе свика состанок на високо ниво за дијалогот меѓу Белград и Приштина, соопшти Европската служба за надворешни работи. Како што се наведува во соопштението, учеството го потврдиле претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Приштина, Албин Курти. Борел […]

Свет

Нов земјотрес регистриран во Романија

Во Романија денеска е регистриран нов земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот бил на 14 километри од градот Таргу Јиу. Тоа е 26. земјотрес регистриран во Романија во изминатите 69 часа, но нема материјална штета. На 13 февруари во Романија имаше земјотрес од 5,5 степени, а следниот ден беше […]

Свет

Подољак: Русија мора да се повлече од Украина пред почетокот

Висок украински функционер денеска ја отфрли можноста за мировни преговори со Москва доколку Русија не се повлече од Украина, повторувајќи го претходниот став на Киев пред почетокот на меѓународната безбедносна конференција во Минхен, на која главна тема ќе биде војната. „За декриминализација на глобалната политика и вистинска глобална безбедност, војната мора да заврши со победа […]

Свет

Уште еден земјотрес во Романија

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во Романија во округот Горж, каде претходно оваа недела се случија два умерени земјотреси, јавија романските медиуми. Поради земјотресот утрово е евакуирана подрачната управа на Горж, јавува ТВ Диги 24. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 8,7 километри. Серија потреси беа регистрирани […]

Свет

Топлината поврзана со климатските промени го влоши ефектот од сушата

Екстремно високите температури во Аргентина поврзани со климатските промени го влошија влијанието на историската суша што ги погодува земјоделските области на јужноамериканската земја од минатата година, велат научниците во најновиот извештај. Научниците поврзани со групата World Weather Attribution (WWA) велат дека брзата анализа покажала дека климатските промени директно не ги намалуваат врнежите, но дека високите […]