Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс се повлекува од функцијата

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс ќе се повлече од функцијата овој месец, објави американскиот државен секретар Ентони Блинкен, јави ДПА.

Прајс е на функцијата од јануари 2021 година. Тој ќе остане во одделот и ќе работи директно со Блинкен.

За време на администрацијата на претходникот на Бајден, Доналд Трамп, брифинзите за печатот на Стејт департментот станаа нередовни.

Американскиот телевизиски канал Ен-Би-Си јави дека Прајс ќе остане на функцијата до средината на март, по што ќе биде заменет од актуелниот заменик-портпарол Ведант Пател.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *