Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека Заедницата на српските општини е суштината на Бриселскиот договор, како и оти Белград ќе инсистира на нејзиниот итно формирање, јави БЕТА. Според него, тоа е предуслов за дискусии за политички план или предлог за решение меѓу Белград и Приштина. – Она што е видливо […]
Претседателот на Албанија Бајрам Бегај за денеска попладне го свика Националниот совет за безбедност, за да направи целосна анализа на безбедносната состојба во земјата во изминатата година, јавија албанските медиуми. Во фокусот на средбата ќе бидат и приоритетите за 2023 година – институциите да обезбедат целосна безбедност, слобода и благосостојба на граѓаните. На состанокот на […]
Слободната трговија се соочува со проблеми какви што веќе се видени во историјата, а тврдите интервенции на државата можат повеќе да засметаат отколку да помогнат, пишува „Економист“, не отфрлајќи го државниот интервенционизам, но повикувајќи на умереност и меѓународна координација на јавните интервенции во економијата. „Слободната трговија е на умирање“, изјави основачот на тајванската компанија за […]
Се поголем број американски компании предвидуваат кратења на работни места и за првпат по пандемијата очекуваат помалку развојни инвестиции, покажуваат податоците од најновото истражување на Американската национална асоцијација за бизнис-економија (NABE). Зголемувањето на каматите дава резултати и се забележува одредено забавување на економијата. Но, сопствениците на бизниси сè уште се загрижени дека Федералните резерви на […]
Европската унија не може да ја вклучи Иранската револуционерна гарда во својата листа на терористички организации доколку нема соодветна судска одлука, изјави денеска шефот за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел. Европскиот парламент минатата недела повика ИРГ да биде прогласена за терористичка организација, обвинувајќи ја за задушување на протестите во земјата и снабдување […]
Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска се очекува формално да се договорат за нови санкции против Иран, како и за нова набљудувачка мисија во Ерменија и Азербејџан, јави ДПА. Европските дипломати потврдија за агенцијата дека се очекува да бидат санкционирани над триесет ирански поединци и организации како одговор на сериозните прекршувања на човековите […]
Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска изјави дека земјата се соочува со најтешката безбедносна средина во регионот од крајот на Втората светска војна и вети дека ќе ја развива војската според неодамна усвоената безбедносна стратегија за следните пет години. Во декември, Владата на Кишида ги усвои клучните безбедносни и одбранбени реформи, вклучително и за контранапад, што […]
Бугарин кој учествувал на наддавање организирано од бугарската Национална управа за приходи, платил за скап автомобил, но, како што вели – го добил без мотор. Во документацијата пишувало дека автомобилот бил во многу добра техничка состојба, со 6-брзински менувач, јави Нова ТВ. Имено, Даниел Николов најпрвин мислел дека дошло до недоразбирање. Откако се испоставило дека […]
Мажот кој уби десет луѓе во саботата за време на прослава на кинеската Лунарна Нова година во сала за танцување во Монтереј парк, град во близина на Лос Анџелес, изврши самоубиство. Шерифот на округот Лос Анџелес Роберт Луна објави дека убиецот е идентификуван како 72-годишен Ху Кан Тран, но неговиот мотив за масакрот е непознат. […]
Бразилскиот и аргентинскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва и Алберто Фернандез во заедничко соопштение објавија дека двете најголеми јужноамерикански земји работат на поцврста економска поврзаност, која би вклучила и воведување заедничка валута. Проектот првично би бил билатерален, но идејата е иницијативата на крајот да вклучи и други земји од Јужна Америка. „Нашата намера е […]