Француската полиција денеска уапси 25-годишен Финец, осомничен дека упаднал во регистарот на податоци на околу 33.000 пациенти на Центарот за психотерапија во Хелсинки, соопшти финската криминалистичка полиција. Националното биро за истраги на Финска издаде меѓународна потерница за маж осомничен за кражба на приватни податоци на пациентите. Полицијата смета дека осомничениот уценувал пациенти и објавувал дел […]
Српските производители на млеко денеска протестираа пред Министерството за земјоделство во Белград незадоволни од ниските откупни цени на млекото. Во знак на протест, производителите истурија увозно млеко и фекалии на улицата пред Министерството за земјоделство. Производителите на млеко поднесоа шест барања до Министерството за земјоделство, вклучително и премија за млеко од 20 српски динари (околу […]
САД објавија денеска за нов пакет оружје и муниција за Украина во вредност од 2,2 милијарди долари. Списокот вклучува муниција за ракетните системи ХИМАРС што им овозможија на украинските сили да таргетираат зад руските линии, системи за ПВО и оклопни возила, соопшти Пентагон.
Русите минатата година купи рекордна количина златни прачки. Даночните олеснувања за благородни метали ги поттикнаа луѓето да складираат резерви, се наведува во денешното соопштение на руското Министерство за финансии. Во март минатата година, Москва го укина данокот на додадена вредност на трговијата со злато за физички лица, во обид да ги спречи граѓаните да штедат […]
Не постои строг распоред за пристапување на Украина во Европската унија, а земјата се уште треба да исполни некои барања на патот кон членство во ЕУ, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на прес-конференција по средбата во Киев со украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Украина ќе прави напори секој ден да напредува […]
Генералната секретарка на Советот за регионална соработка (РЦЦ), Мајлинда Брегу денеска изјави дека започнаа номинациите на кандидатите за наградата Жена претприемач од Западен Балкан за 2022 година. РЦЦ ги покани сите заинтересирани до 28 февруари да номинираат жена претприемач на годината во една или повеќе категории – жена еколошки претприемач, креативна жена претприемач, жена претприемач […]
Кина соопшти дека наводниот шпионски балон, забележан над САД, е „цивилен воздушен брод“ што се користи главно за следење на времето, а кој ненамерно излегол од предвидениот курс на движење, јави Би-Би-Си. Американските претставници од Министерството за одбрана рекоа дека веруваат дека балонот, виден над чувствителните области во последните денови, всушност е уред за „надзор […]
Новите работни места создадени од американските работодавци се зголемија за 517.000 во јануари. Растот на новите работни места е изненадувачки силен во услови на агресивни потези на Федералните резерви на САД за борба со инфлацијата со зголемување на каматните стапки. Стапката на невработеност падна на 3,4 отсто минатиот месец, достигнувајќи го минимумот за половина век. […]
Турција е блиску до одлука да го одобри приемот на Финска во НАТО следниот месец, додека статусот на шведската апликација за членство во Алијансата останува неизвесен, јави Блумберг повикувајќи се на неименувани извори. „Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган е блиску до одлуката за одобрување на членството на Финска во НАТО … согласноста од Анкара […]
Три лица биле уапсени, под сомнение дека се криумчари и биле откриени вкупно 37 мигранти во двата одвоени случаи на потера во морскиот дел во близина на грчкиот остров Кос, кога патролни бродови на крајбрежната служба на Грција бркале глисери со мигранти, објави „Катимерини“. Според грчкиот весник,инцидентите се случиле синоќа, а во двата случаи глисерите […]