Предупредувачки протест пред ресорното министерство во Загреб беше организиран од Синдикатот на медицинските сестри и здравствените работници денеска поради лошите услови за работа и непочитувањето на колективните договори. Хрватскиот стручен синдикат на медицински сестри и медицински техничари и Самостојниот синдикат за здравствена и социјална заштита организираа мирен собир и најавија можност за штрајк доколку управата […]
Норвешка ќе нарача 54 нови тенкови Леопард 2 од германско производство за својата војска од групата Краус-Мафеи Вегман, со опција за купување дополнителни 18 тенкови подоцна, соопшти денеска норвешката влада. – Ние се осигуруваме да ги имаме истите тенкови како нашите нордиски соседи и многу клучни сојузници во НАТО, рече премиерот Јонас Гар Стоере на […]
Секој четврти Бугарин би заминал да живее во друга држава доколку ги има сите потребни документи за тоа, покажува студијата на Галуп интернешнал. Само осум отсто се двоумат додека 67 отсто би останале да живеат во најсиромашната држава од Еверопската унија. Сепак, останатите се категорични – доколку имаа можност би ја напуштиле Бугарија, се наведува […]
Високи функционери од Брисел денеска првпат во историјата на Евроблокот ќе разговараат со кандидат за членство во Европската унија на чија територија се води војна. Одлуката на Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел да дојдат во Киев со 15 еврокомесари на самитот ЕУ-Украина во време кога продолжува офанзивата на руските воени сили на истокот […]
Тешка сообраќајна несреќа во која учествувал автобус со странски регистарски таблички се случила на автопатот кон Марибор кај клучката Липовци, јавува словенечки 24ur.com. Три лица загинаа, а повеќе се повредени, соопшти полициското одделение Мурска Собота. Истрагата се уште е во тек. Foto: Sobotainfo
Поранешниот претседател на движењето „Самоопределување“, Висар Имери синоќа изјави дека косовскиот премиер Албин Курти веќе донел одлука за формирање на Заедницата на општини со српско мнозинство и дека за тоа говорат шесте услови што Курти ги поставил за формирање на ЗСО. Имери оцени дека тоа е единствениот пат што го води „Косово напред, а на […]
По состанокот на неколку еврокомесари со членовите на украинската Влада во Киев, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа соопшти за нов пакет помош за Украина во вредност од 450 милиони евра и други мерки за поддршка. „Европската унија денеска испраќа многу јасна порака до Украина и пошироко за нашата колективна сила и […]
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва изјави дека е сигурен дека неговиот претходник Жаир Болсонаро е „мозокот“ на нападот на владините згради на 8 јануари во главниот град на Бразил. Лула да Силва додаде дека на овој начин Болсонаро сакал да изврши државен удар. „Денес сфаќам и го кажувам јасно и гласно: овој граѓанин […]
Бугарскиот претседател Румен Радев ќе ги претстави задачите и приоритетите на преодната влада, соопшти прес-службата на шефот на државата. Радев вчера донесе указ за назначување преодна влада од 3 февруари со премиерот Галаб Донев. Единствена промена во составот е министерот за култура – Најден Тодоров ја презема функцијата од професор Велислав Минеков. Престануваат овластувањата на преодната […]
Директорот на ЦИА, Вилијам Брнс, изјави дека разузнавачката агенција проценува оти следните шест месеци ќе бидат „критични“ за Украина во однос на руската инвазија, додавајќи дека Русите остваруваат некои помали придобивки во последните недели. Говорејќи на настан за надворешна политика на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон, Брнс исто така рече дека агенцијата верува дека кинескиот претседател […]