ГОЛЕМИНАТА НА СПАСУВАЧКИТЕ ЕКИПИ НЕМА КРАЈ – дете побарало да бидат спасени неговите папагали заробени во неговиот дом (ВИДЕО)

Спасувачките екипи не само што ги спасуваат живите луѓе од подурнатините, туку тие спасуваат и живи животни кои се заробени со денови по трагедијата која ја погоди оваа област во Турција.

Во областа Пазарџик во Кахраманмараш која во понеделникот беше погодена од катастрофалниот земјотрес се спасени три папагали на едно момче кое ги прашало спасувачките екипи дали можат да го сторат тоа за него.

Освен тоа тие налетале и на мачка која била спасена по само 30 минути работа за спасувачките екипи.

Волонтерот за турските медиуми раскажува дека во зградата не се слушнал никаков звук, а потоа им се приближил едно момче кое им рекло дека во неговиот стан има заробено три папагали и доколку сакаат можат да ги спасат.



ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *