Свет

Краснов: Русија изврши повеќе од 9.000 нелегални мобилизации

Русија призна дека од есента неоправдано регрутирала неколку илјади луѓе за војната против Украина. „Повеќе од 9.000 граѓани кои беа незаконски мобилизирани се вратени дома – вклучително и оние кои во никој случај не требаше да бидат повикани поради здравствени причини“, рече главниот обвинител Игор Краснов на средбата со претседателот Владимир Путин. Аналитичари, сепак, претпоставуваат […]

Свет

Бајден: Ќе разговарам со Зеленски за украинските барања за испорака

Американскиот претседател Џо Бајден денеска најави дека со претседателот Володимир Зеленски ќе разговара за најновите барања на Украина за софистицирано оружје за одбрана од Русија. Бајден запрашан дали Белата куќа ќе дозволи испраќање на борбени авиони Ф-16 во Украина, тој децидно одговори на „не“.

Свет

Папата Франциск ја осуди „отровната алчност“ за природни ресурси во

Папата Франциск денеска ја осуди „отровната алчност“ за природни ресурси што предизвикува конфликт и експлоатација на луѓето во Демократска Република Конго. Папата на почетокот на посетата на Киншаса, главниот град на ДР Конго, тој го повика светот да не ја игнорира трагичната ситуација во земја. – Подалеку рацете од ДР Конго! Подалеку рацете од Африка! […]

Свет

Шмигал: Самитот Украина-Европска унија ќе се одржи в петок во

Украинскиот премиер Денис Шмигал денеска изјави дека самитот Украина-Европска унија (ЕУ) ќе се одржи в петок во Киев, а ден претходно – први „меѓувладини консултации“ меѓу Киев и Европската комисија. „Фактот што самитот се одржува во Киев е силен сигнал и за нашите партнери и за нашите непријатели“, рече Шмигал на состанокот на Владата и […]

Свет

Словачкиот Парламент го скрати мандатот, предвремени избори во септември

Словачкиот Парламент денеска одобри петмесечно скратување на четиригодишниот мандат на тековниот состав на собранието, закажувајќи нови избори за 30 септември. Предвремените избори ќе се распишат бидејќи Владата ја загуби довербата кај Парламентот и откако неуспешни беа преговорите за формирањето нова коалиција. Владата на премиерот Едуард Хегер го загуби мнозинството во Парламентот на гласањето во декември […]

Свет

Блинкен: Да се усвојат мерки за деескалација и да запре

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека е „тажен“ поради смртта на „невините Палестинци“ во израелско-палестинското насилство, за време на средбата со палестинскиот претседател Махмуд Абас на окупираниот Западен Брег. „Дозволете ми на почетокот да изразам сочувство и тага за смртта на невините палестински цивили кои ги загубија животите во ескалацијата на насилството во последната […]

Балкан

Оптимистичка прогноза на ЕБОР: Албанската економија ќе порасне за 3

Масовната имиграција ја намалува работната сила и долгорочно може да влијае на економскиот раст на земјата. Загриженоста, како што јави Топ чанел, ја изнесол гувернерот на Централна банка на Албанија Гент Сејко, при презентацијата на Извештајот за транзиција за периодот 2022-2023 година, подготвен од Европската банка за обнова и развој(ЕБОР). – Како земја со богата […]

Свет

Франција ќе и испорача на Украина уште 12 самоодни хаубици

Франција на Украина ќе и испорача уште 12 самоодни хаубици „Цезар“, најави денеска францускиот министер за вооружени сили, Себастијан Лекорну, по средбата во Париз со украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников. Франција ќе испрати и 150 француски старешини во Полска, каде што е предвидено во рок од еден месец да обучат до 600 украински војници. […]

Балкан

„Еуроњуз“: САД го блокираат влезот на Косово во СЕ до

Српската редакција на „Еуроњуз“ денеска објави дека САД апелирале одредени земји-членки на Советот на Европа (СЕ) да спречат влез на Косово во СЕ, сè додека Приштина не го смени ставот за формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО). „Еуроњуз“ повикувајќи се на дипломатски извори објави дека министерствата за надворешни работи на одредени европски земји членки […]

Свет

Бајден во март ќе го презентира предлог-буџетот на САД

Американскиот претседател Џо Бајден на 9 март ќе претстави предлог за американски план за трошоци, jавија американски медиуми повикувајќи се на неименуван извор запознат со планот на Белата куќа. Бајден утре во Белата куќа ќе се сретне со претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Кевин Мекарти, за да разговара за планираните владини трошоци, вклучително и приближувањето […]