Дачиќ: СПС и СНС ја зајакнуваат коалицијата

Ивица Дачиќ, претседателот на Социјалистичката партија на Србија, изјави дека вчера разговарал со Александар Вучиќ, претседателот на Србија и лидер на Српската напредна партија и дека е договорено продолжување на соработката меѓу двете партии.

Дачиќ изјави дека разговорите траеле час и половина и дека е договорено продолжување на соработката и зајакнување на коалицијата СНС и СПС.

Вучиќ ден претходно најави дека ќе разговара со Дачиќ и додаде дека во овој момент не мисли дека изборите се најдоброто решение.

Некои српски медиуми во вторникот објавија дека Дарко Глишиќ, претседателот на Извршниот одбор на СНС, изјавил на СПС дека на прогресивците им е доста, како што рече, флертувањето со опозицијата и седењето на две столчиња.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *