Рускиот претседател Владимир Путин имаше телефонски разговор со неговиот ирански колега Ебрахим Раиси, јавија руските агенции, повикувајќи се на прес-службата на Кремљ. Според руското претседателство, двајцата лидери разговарале за актуелни прашања од руско-иранските односи. Акцент беше ставен на натамошната изградба на целиот комплекс на билатерална соработка. -Претседателите зборуваа поконкретно за доследно спроведување на заемно корисни […]
Околу 25.000 вработени во Итната медицинска помош излегоа денеска на улиците на Велика Британија поради ниските плати и недостигот на работна сила во тој сектор. Во штрајкот учествуваат болничари, возачи и луѓе кои одговараат на повиците. Тоа е втор протест на работниците во Брзата помош од средината на декември. Претставниците на синдикатот тврдат дека платите […]
Косовскиот премиер Албин Курти по средбата со високиот советник на Стејт департментот, Дерек Шоле изјави дека Косово има за цел уште посилно партнерство со Соединетите Американски Држави. Како што соопшти Владата на Косово, Курти го информирал Шоле за постигнувањата на Косово и воедно му се заблагодарил „за посетата, континуираната комуникација и посветеноста на САД како […]
Високиот претставник за надворешна политика Жозеп Борел во име на Европската унија ги осуди „шокантните акти на политичко насилство и неприфатливиот напад врз демократијата“ во Бразил и изрази солидарност со бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва и бразилските институции во одбрана на демократијата. Тој ги поздрави напорите да се истражат одговорните за нападите врз […]
Естонските власти треба да знаат дека нивното барање за ограничување на бројот на дипломати и персонал на Руската амбасада во Талин нема да остане без одговор, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова. -За нас не е тајна дека Естонија е една од земјите кои се најмногу непријателски кон Русија. […]
Седумнаесет лица загинаа во рок од два дена во три одвоени инциденти со истекување гас во Алжир, јави денеска телевизијата „Алгхад“. – Ги замолувам сите семејства да бидат внимателни за да се избегнат вакви сериозни несреќи во кои има жртви од сите возрасти, рече алжирскиот министер за внатрешни работи Камел Бељуд. Тој изрази надеж дека […]
Даунинг стрит потврди дека британската Ввлада планира да и обезбеди на Украина тенкови за да и помогне на земјата да се одбрани од руската инвазија, пишува Фајненшл тајмс. Портпаролот на Даунинг стрит изјави дека британскиот премиер Риши Сунак побарал од секретарот за одбрана Бен Валас да работи со партнерите и да обезбеди дополнителна поддршка за […]
Кина и натаму го намалува бројот на смртни случаи од Ковид-19, но споделува со нас повеќе информации за епидемијата на коронавирусот во земјата, изјави денеска шефот на техничкиот сектор на Светската здравствена организација (СЗО) за ковид-19 Марија Ван Керхове. – Ни недостигаат некои многу важни информации и работиме со Кина за да ги пополниме тие […]
Претседателот на Партијата за демократска акција, Бакир Изетбеговиќ за прв пат од 2000 година, нема да биде на ниту една функција во власта во Босна и Херцеговина. По 23 години, како што објавија сараевските медиуми, Изетбеговиќ ќе биде само претседател на Партијата за демократска акција, бидејќи денеска беше потврдено дека нема да биде кандидат за […]
Во САД обновени се сите домашни летови откако беа суспендирани поради дефект во компјутерскиот систем за следење летови. Првите авиони што полетаа беа од Атланта и од аеродромот Њуарк во областа Њујорк, објави американската Федерална управа за авијација (ФАА) на Твитер. Според ФАА постигнат е напредок во отстранувањето на компјутерски дефект поради што беа приземјени […]