Стапката на неисхранетост во Авганистан е на рекордно високо ниво, а половина од земјата се соочува со силен глад во текот на годината, изјави денеска портпаролот на Светската програма за храна на Обединетите нации, Филип Кропф. Тој додаде дека седум милиони деца под пет години и мајки се неисхранети во земја со 40 милиони жители. […]
Американскиот претседател Џо Бајден размислува за турнеја низ Европа во февруари по повод годишнината од почетокот на руската инвазија врз Украина, соопшти телевизијата Ен-Би-Си на Твитер. Според извори од американската влада, Бајден ја истражува можноста за посета на голем број земји, вклучувајќи ја и Полска. Не е исклучено во истиот период САД да објават нов […]
Јапонија денеска успешно лансираше ракета во вселената, која нoси сателит наменет за собирање информации за движењата на воените објекти во Северна Кореја и за подобрување на одговорот на природни катастрофи. – Ракетата Х-2 A лансирана од компанијата „Мицубиши хеви индустрис“ (Mitsubishi Heavy Industries) успешно го напушти космодромот Танегашима, југозападна Јапонија, носејќи го сателитот ИГС-Радар 7, […]
По израелскиот воен напад во окупираниот Западен Брег во кој беа убиени девет Палестинци, палестинските власти денеска соопштија дека ќе ја прекинат безбедносната соработка со Израел Двете страни одржуваа безбедносни врски во заеднички напор да се спротивстават на исламските екстремисти, а прекинот на таквите врски поттикна стравувања дека нападите на екстремистичките организации можеби нема да […]
Украина сега ќе бара борбени авиони од четвртата генерација, како американскиот Ф-16, откако ќе обезбеди борбени тенкови, изјави Јуриј Сак, советник на украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников. Украина вчера доби големо засилување на своите сили кога Германија и САД објавија дека ќе испратат тенкови во Киев, ставајќи крај на неколкунеделниот дипломатски застој околу ова […]
Единаесет лица загинаа, а 11 други се ранети денеска во големиот руски ракетен напад врз Украина, што се случи еден ден откако Германија и САД се договорија да испратат тенкови во Украина, соопштија украинските власти. Врховниот командант на украинската армија, генерал Валериј Жалузни изјави дека украинската противвоздушна одбрана соборила 47 од 55 руски проектили, а […]
Повеќе од 500 лица починале од колера на Хаити, откако во октомври 2022 година болеста се прошири на ова аостровска земја, соопшти локалниот сајт „Хаити Либре“. Според податоците на сајтот, лекарите држат под опсервација приближно 22.000 лица, а потврдено е дека 1.900 се заразени. Хаити, земја со околу 10,6 милиони жители, е најсиромашната земја на […]
Силниот и обилен дожд денеска предизвикал проблеми и поплави во Атина, а од бројот 112 за итни случаи до жителите била испратена порака да ги ограничат нивните движења, објавија грчките медиуми. Повеќе централни булевари биле поплавени и според „Катимерини“ во прекин бил сообраќајот, додека пак противпожарната служба примила десетици повици за помош и интервенции, а […]
Новиот германски министер за одбрана, Борис Писториус, смета дека приоритет за земјата е брзото снабдување со опрема и оружје за Бундесверот, јави ДПА. -Целта мора да биде да имаме побрзи, одржливи и проодни патишта и време за надополнување. Тоа мора да биде остварливо, рече денеска Писториус за време на неговата прва посета на војниците во […]
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави денеска дека е „бесмислено“ да се одржи трилатерален состанок со Шведска и Финска за да се разгледаат нивните кандидатури за НАТО по протестите овој месец во Стокхолм. На прес-конференција Чавушоглу рече дека нема предлог за одвоено разгледување на кандидатурите на Шведска и Финска. Шведскиот премиер Улф Кристершон […]