Ѓукановиќ: Вонредни парламентарни избори на 11-ти јуни

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, распиша вонредни парламентарни избори на 11 јуни.

Тој на прес-конференцијата посочи дека сите во Црна Гора се свесни за длабоката политичка и институционална криза, која е предизвикана пред се од неодговорноста и правниот авантуризам на актуелното парламентарно мнозинство, подготвено преку неуставно дејствување да ги оствари своите политички цели.

„Како претседател на сите граѓани, истрајно се држев до Уставот, многу внимателно водејќи сметка со вршење на своите надлежности да не придонесам за споменатата политичка и институционална криза“, рече Ѓукановиќ. (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *