Свет

Германските власти разоткриле руска хакерска банда

Германските власти разоткриле меѓународна хакерска банда која ги уценувала германските јавни институции, соопшти денеска Покраинската канцеларија за борба против криминалот при Федералната покраина Северна Рајна-Вестфалија. „Осомничените се руските државјани Игор Гаршин, Игор Турашев и Ирина З., против кои е распишана меѓународна потерница“, се вели во соопштението за печатот на Покраинската канцеларија. Во соопштението се посочува […]

Вести

Али Хаменеи: Труењето на ученички во Иран е „непростлив криминал“

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи го осуди бранот сомнителни напади со отров, кои засегнаа девојчиња во десетици училишта, како „непростлив криминал“. – Сторителите на ова злосторство мора да бидат сериозно казнети. Нема да има амнестија за такви луѓе, рече денеска ајатолахот Али Хаменеи, пренесе ДПА повикувајќи се на државните ирански медиуми. Ова беше прв пат […]

Балкан

Фредериксен: Албанија е високо ценет партнер за Данска и многу

Данската премиерка Мете Фредериксен, која, е во официјална посета на Тирана, изјави дека Албанија е високо ценет партнер за Данска и многу доверлив сојузник на НАТО. -Албанија е високо ценет партнер за Данска и вие сте многу доверлив сојузник на НАТО. Во време кога Европската Унија е поважна од кога било досега, се надевам дека […]

Балкан

Најскапиот лимон на светот се одгледува во Албанија

Најскапиот вид лимони во светот се одгледува во градот Љушња во средишна Албанија. Сортата „Citrus australasica“ е позната и под името „кавијар лимон“ или „прст лимон“ (‘caviar lime’, ‘finger lime’), потекнува од Австралија и се продава по 87 евра за килограм по нарачка во познатите ресторани во Европа, објави Албанската радиотелевизија. Љушња е единствената област […]

Вести

Украина ноќеска соборила 13 експлозивни дронови лансирани од Русија

Украинските власти денеска соопштија дека собориле 13 експлозивни дронови од иранско производство од вкупно 15 лансирани од Русија во текот на ноќта. – Руските освојувачи ја нападнаа Украина од север со дронови Шахед-131/136, соопштија украинските воздухопловни сили. Евидентирани се вкупно 15 лансирања на беспилотни летала, а уништени се 13 „Шахеди“. Според воената администрација на Киев, […]

Свет

Во Авганистан младите мажи по распустот се вратија на универзитетите,

Младите мажи денеска продолжија со предавањата на авганистанските универзитети кои повторно беа отворени по долгиот зимски распуст, за разлика од девојките на кои, на нивно разочарување, талибанскиот режим сè уште не им дозволува да студираат. Забраната за пристап до универзитет е едно од безбројните ограничувања на правата на жените усвоени од талибанците откако дојдоа на […]

Вести

САД го поздравија планот на Јужна Кореја за обештетување на

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја поздрави како „историска“ најавата на Јужна Кореја за планот за обештетување на жртвите на принудна работа во Јапонија за време на војната. – Ја поздравуваме таа историска најава, рече Блинкен и ја пофали „храброста и визијата“ на јужнокорејската и јапонската Влада. Тој нагласи дека Сеул и Токио се […]

Свет

Велика Британија и Германија првпат ќе учествуваат во заедничките воздушни

Британски пилоти за првпат заедно со германското воено воздухопловство ќе извршуваат мисии за воздухопловна полиција во Естонија, јави ДПА. Ова е во рамки на подготовките на Велика Британија да го преземе од Германија раководството на мисиите на НАТО во Естонија. Во првите досега „интегрирани“ мисии, кои британскиот министер за одбрана Бен Волас ги опиша како […]

Свет

Мал авион се урна во Њујорк, едно лице загина (ВИДЕО)

Мал авион се урна во населбата Лонг Ајленд во Њујорк, при што едно лице го загуби животот. Авионот се урнал околу 15 часот по локално време, соопшти полицијата на округот Сафолк. На социјалните мрежи е објавено видео од моментот кога авионот се урива. Во авиониот имало вкупно тројца патници, од кои двајца се повредени и […]

Вести

По несреќата со 57 жртви: Притвор за шефот на железничката

По маратонскиот исказ даден пред истражен судија и обвинител, шефот на железничката станица во Лариса, доби мерка притвор за железничката несреќа. Шефот на станицата беше уапсен веднаш по несреќата, што се случи во вторникот кусо пред полноќ кај месноста Темпи, а животот го загубија 57лица. Во форензичките лаборатории на грчката полиција, според медиумите, заврши процесот […]