Азбије Речи е именувана за нов секретар на Општина Струга. Таа на новата функција доаѓа со 21 година работно искуство во општинската администрација, познавање на институционалните процедури и професионална правна подготовка.
Одлуката за нејзиното именување, според образложението, е дел од определбата на градоначалникот Менди Ќура за унапредување на општинската администрација преку вреднување на професионалноста, искуството и компетентноста на вработените.
Со ова именување, акцентот се става на институционалното искуство и унапредувањето на кадрите кои со години работат во општинската администрација.
Од Општина Струга очекуваат дека долгогодишното искуство и правната стручност на Речи ќе придонесат за поефикасно, потранспарентно и поодговорно функционирање на локалната администрација.




