Брутално убиство во Србија: Снаа со нож ја убила свекрвата – ја обвинувала за нејзиниот развод

Триесет и деветгодишна жена ја избодела својата свекрва (67) неколкупати со нож, синоќа во селото Дубионица, во српската општина Сјеница. Како што пишуваат српските медиуми, снаата брутално ја убила својата свекрва, а сцената на местото на настанот беше опишана како застрашувачка.

Полицијата соопшти дека несреќната жена починала од повеќето убоди. Инцидентот се случил во семеен дом, а случајот бил пријавен кај надлежните.

Според пренесените информации, осомничената снаа живеела во Германија, но во моментот на инцидентот била во Србија поради бракоразводна постапка.

На терен се полициски екипи, форензичари и дежурниот обвинител кои вршат увид и прибираат докази. Жителите на селото Дубница се во шок и неверување од овој монструозен чин.

Ивица Дачиќ, министерот за полиција, во гостувањето на ТВ Пинк потврди дека снаата ја убила свекрвата, а потоа побегнала од местото на настанот.

– Сега е уапсена – потврди министерот Дачиќ.

Како што наведе, злосторството најверојатно се случило затоа што осомничената германска државјанка ја обвинила нејзината свекрва за разводот.

Телото на убиената е испратено на обдукција.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ