Бугарија и натаму со најголема смртност во ЕУ

Со 1.787 смртни случаи на 100.000 луѓе, Бугарија е на врвот во однос на смртноста во рамки на Европската Унија, според актуелните податоци на Евростат за 2020 година. По Бугарија следуваат Романија (1.622), Унгарија (1.513), Литванија (1.482) и Летонија ( 1 445).

На спротивната страна, како земји со најниски стапки на смртност во земјите на ЕУ се Франција (863 смртни случаи на 100.000 жители) и Ирска (892), потоа Луксембург (905), Финска (917) и Шпанија (919).

Бугарија има и најголем удел на смртни случаи од болести на циркулаторниот систем (61%), додека најмал е во Франција (20%). Најголем удел на смртни случаи поради рак е забележан во Ирска (29%), а најмал удел во Бугарија (15%), но статистиката за онколошките болести во Бугарија е под знак прашалник поради систематските пропусти во управувањето со Националниот регистар за рак, пишува медиапул.бг.

Во 2020 година, и покрај пандемијата на „Ковид-19“, болестите на циркулаторниот систем се главната причина за смртност во сите земји на ЕУ, освен Данска, Ирска, Франција и Холандија, каде што ракот е главната причина. Овие две групи на болести остануваат водечка причина за смртност и вкупно 1,7 милиони луѓе починале од циркулаторни заболувања и речиси 1,2 милиони починале од рак.

Болестите на циркулаторниот систем и ракот заедно сочинуваат 55 отсто од причините за смрт во ЕУ, што се движи од 42 проценти во Белгија и 76 отсто во Бугарија.

Во годината на избувнувањето, Ковид-19 беше трета водечка причина за смрт во ЕУ, со над 439.000 смртни случаи. Највисока стапка на смртност поради Ковид-19 е забележана во Белгија (18 проценти) и Шпанија (15 проценти), а најниска во Финска и Естонија (и двете по еден процент).

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *