Следен технички премиер ќе биде стариот технички премиер, чие име е Галаб Донев. Ниту за секунда не дозволив други опции. Тоа за „Дарик радио“ го изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев, пренесе БТА. Причината за неговиот коментар е нереализирањето на третиот мандат за формирање влада во таа држава. – Нема Радев модел, има Устав. Таму […]
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска по средбата со претставниците на ЕУ, САД, Франција, Германија и Италија во Белград, изјави дека Србија е подготвена да го прифати концептот и да работи на имплементација на предложениот договор за косовското прашање. Вучиќ изјави дека на средбата „за едно важно прашање“ од договорот ја покажал сета загриженост и […]
Зоран М. (62) во чија куќа во Земун синоќа беше пронајдено замрзнато бебе за српски Информер вели дека се шокирал кога го видел телото. Како што објаснува човекот, замрзнувачот му се расипал и така го открил страшното злосторство. -Замрзнувачот не ми работеше добро, па викнав мајстор да го направи. Човекот дојде и ме замоли да […]
Вонсудскиот совет на Жупанискиот суд во Загреб одлучи поранешниот премиер и претседател на ХДЗ Иво Санадер да мора да мине во затвор вкупно 18 години и осум месеци. Хина од судот дозна дека одлуката за вкупната казна била донесена на крајот на декември, а деновиве била испратена до Санадер и неговите адвокати. Адвокатот на поранешниот […]
Албанската министерка за образование и спорт Евис Куши најави дека поради лошото време во Албанија наставата во 56 училишта привремено ќе биде прекината. Куши рече дека одлуката е донесена за да се заштитат учениците и наставниците додека не се подобри ситуацијата. Таа информираше дека изгубените часови ќе се надоместат подоцна според календар што ќе го […]
Поради силен дожд и излевање на реки, вонредна состојба е прогласена во пет општини во Србија: Пријепоље, Сјеница, Нови Пазар, Брус и Тутин. Најдраматично е во Нови Пазар, каде полицијата, пожарникарите и спасувачите цел ден трагаа по двајца постари мажи, кои околу 11 часот влегле во надојдената Трнавица. Несреќата се случила кога соседите се собрале […]
Во Црна Гора денеска е потврден првиот случај на зараза со подсојот на омикрон XBB.1.5 (кракен), соопшти Институтот за јавно здравје. Со тоа, како што се наведува во соопштението од Институтот, Црна Гора се приклучи на листата на земји каде е регистрирана мутација на високо заразниот сој. XBB.1.5. е нова подваријанта на омикрон создадена со […]
Православниот празник Богојавлние-Водици денеска беше одбележан насекаде низ Албанија каде живеат православните Македонци, Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови низ Албанија. Македонците во Мала Преспа традиционално се собраа во селските цркви и по литургиите што ги одржаа свештениците Алексо Темелко и Ропи Арѓири, според обичаите, со крстот украсен со босилек се упатија […]
Поради обилните врнежи во Република Српска поплавени се земјоделските површини и градската плажа во градот Зворник. Градската управа на Зворник апелираше до граѓаните до дополнително известување да не се спуштаат на шеталиштето покрај реката Дрина и да се држат настрана од надојдениот водотек. Протокот на реката Дрина кај хидроцентралата Мали Зворник во 07:00 часот изнесувал […]
Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина денеска по средбата со министерот за внатрешни работи на Финска, Пек Хависта, ги пофали напорите на Хелсинки во контекст на нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина. Лајчак на Твитер објави заедничка фотографија со Хависта и порача дека и во иднина смета на поддршката […]