ШОК ВО ЗЕМУН: Во замрзнувач пронашол замрзнато бебе, мислел дека е векна леб

Зоран М. (62) во чија куќа во Земун синоќа беше пронајдено замрзнато бебе за српски Информер вели дека се шокирал кога го видел телото.

Како што објаснува човекот, замрзнувачот му се расипал и така го открил страшното злосторство.

-Замрзнувачот не ми работеше добро, па викнав мајстор да го направи. Човекот дојде и ме замоли да го испразнам за да може да го пронајде дефектот. Ги извадив речиси сите работи кога на дното забележав ќеса и во неа пешкир. Го одмотав пешкирот и видов мртво бебе. Прво помислив дека е леб, бидејќи поранешната сопруга знаеше да замрзне векна леб. Меѓутоа се уверив дека се работи за бебе кога му ги видов рацете и главата. Ужас, вели Зоран кој додава дека му се слошило кога видел.

Како што вели, веднаш повикал полиција која го однела безживотното тело, а од него земала ДНК примерок.

-Наводно се сомневаат на мојата поранешна сопруга Лидија која мене и четирите заеднички деца не’ напушти во мај минатата година. Колку што се сеќавам имаше некои гинеколошки проблеми пред да се разделиме, но не знам дали би можела да направи нешто вакво. Во оваа куќа сум роден и никој нема пристап во просториите во неа освен мене и мојата поранешна сопруга додека живееше под овој кров, вели Зоран.

Полицијата трага по Лидија за да ги утврди сите околности на овој случај.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *