Државната изборна комисија на Црна Гора на денешната седница ја потврди претседателската кандидатура на лидерот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) и актуелен претседател Мило Ѓукановиќ. Утврдено е дека доставената документација е точна и била утврдена важност на 8.465 потписи. Претставниците на ДПС вчера до ДИК ја доставија кандидатурата на Ѓукановиќ за претседателските избори во […]
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека утре во Брисел очекува тешка средба во рамки на дијалогот Белград-Приштина, но државата е посветена на мирот и стабилноста во регионот и дека во тој контекст е подготвен да се работи на концептот и спроведувањето на предложениот план со јасни одредени ограничувања. Тој ова го нагласил на […]
Косовскиот премиер Албин Курти синоќа во телефонски разговор со високиот советник на Стејт департментот Дерек Шоле потврдил дека Приштина го прифаќа европскиот предлог за договор меѓу Косово и Србија. „Премиерот во тој разговор го потврди својот став за европскиот предлог како добра основа за понатамошни разговори во насока на нормализација на односите. За нормални, европски […]
Основниот суд во Приштина денеска ги осуди четворицата обвинети, од кои тројца малолетни, на вкупно 40 години затвор за силување на 11-годишно девојче во Приштина во август 2022 година, објави РСЕ. Еден од обвинетите кој е полнолетен е осуден на 15 години затвор, двајца малолетници на по 9, а еден на осум години малолетнички затвор. […]
Хирурзите од нишката Клиника за кардиохирургија извеле 22 операции за три дена и кажаа дека продолжуваат со зафатите и преку викенд без да бараат финансиски надомест за тоа. Тие додаваат дека работат со забрзано темпо за да се намали листата на чекање за операција, бидејќи на некои пациенти им е потребна итна интервенција. -И овој […]
Во јануари годинава Албанија ја посетиле 377 илјади странски државјани, што е зголемување за 94 отсто споредено со истиот месец минатата година, што се оценува како добар предзнак за успешна година во туристичкиот сектор во земјата. – Од вкупната бројка околу 95 отсто од странските гости, се од Европа, поточно најголемиот број од нив се […]
Раководствата на Србија и Косово се очекува да го прифатат европскиот предлог за сеопфатно решавање на нивните меѓусебни односи, вклучително и спроведувањето на договорот за Заедницата на српски општини, изјави висок функционер на ЕУ задолжен за подготовките за новата рунда дијалог в понеделник во Брисел, јави Бета. Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин […]
Албанското министерство за финансии и економија објави дека јавниот долг минатата година забележал намалување за 4.221 милиони лека односно за 4,4 отсто споредено со претходната година. -Според показателите на Министерството за финансии и економија, јавниот долг достигнал 1.378.400 милиони лека, од 1.382.625 милиони во 2021 година. Тоа потврдува дека јавниот долг за првпат бележи намалување […]
За повеќе од половина домаќинства во Грција, месечниот приход не доволен за цел месец и трае само 18 дена, поради растот на цените на енергијата и храната, пишува онлајн изданието на грчкиот весник „Вима“, пренесувајќи ги резултатите од истражувањето на Институтот за мали бизниси на Грчка конфедерација на професионалци, занаетчии и трговци (ГСЕВЕЕ). Од годишното […]
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти го потврдија учеството во новата рунда од дијалогот на високо ниво меѓу Белград и Приштина, што ќе се одржи во понеделник (27 февруари) во Брисел. На состанокот ќе се разговара за предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, соопшти денеска […]