Шефот на хрватската дипломатија во посета на Тирана

Министрите за надворешни работи на Албанија и Хрватска денеска во Тирана разговараа за зајакнување на односите меѓу двете земји членки на НАТО.

-Како две сојузнички земји на НАТО, отсекогаш сме имале силни врски, Хрватска продолжи да го поддржува членството на земјата во ЕУ. Хрватска е подготвена да и понуди техничка и политичка поддршка на Албанија за да го пренесе целото свое искуство. Нашата економска соработка е во нагорна линија, трговската размена во 2022 година забележи раст од 56,5 отсто. Се разбира, можеме да постигнеме многу повеќе ако дополнително ја зајакнеме нашата соработка, бидејќи ние сме соседни земји, изјавил Радман, јави Ора њуз.

Додал дека Јадранскиот регион е од големо значење за двете земји, како и заштитата од загадувањето, нагласувајќи ја важноста од воздушната инфраструктура, која дополнително ќе ја зголемат економската соработка и ќе ги зближат луѓето, најавувајќи набрзо директна авионска линија Загреб-Тирана.

Шефицата на албанската дипломатја Олта Џачка изјавила дека разговаравме за тоа како можеме дополнително да ги прошириме и продлабочиме односите меѓу нашите земји.

– Посетата на колегата Радман е израз на заедничката волја за понатамошен развој на нашето партнерство. Постигнувањата на Хрватска по влезот во ЕУ не прават оптимисти дека напорите за спроведување на реформите даваат резултати. Хрватска ќе продолжи да биде безрезервен поддржувач на нашиот процес на интеграција во ЕУ, не само политички, туку и со конкретна техничка експертиза. Разговаравме и за голем број активности кои ќе се организираат за прв пат, како што е заедничката средба на двете влади. Мора да работиме понапорно за понатамошно развивање на нашата економска и трговска соработка рекла таа.

Според неа разговаравме и за геополитичките случувања во Европа и нивните последици за регионот.

-Нашите земји ги делат истите позиции во однос на руската агресија во Украина и целосно и непоколебливо го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Во услови на нови предизвици, предизвикани, под влијание или поттикнати од контекстот на случувањата во Украина, утврдивме потреба од зголемување и зајакнување на нашата билатерална соработка и координација, со истомислениците на соседите во регионот и нашите европски и НАТО партнери, успешно да одговори на безбедносните предизвици од сите димензии, посочила Џачка.

Во тој контекст, додала, високо ја цениме „позицијата на Хрватска во однос на Косово, континуираната поддршка што Хрватска и ја дава на државата Косово од осамостојувањето, во текот на целиот процес на нејзино консолидирање, афирмација на меѓународната сцена, станувајќи дел од меѓународните и регионалните организации, вклучително и НАТО и ЕУ.

Хрватскот прв дпломат се сретнал и со претседателот Бајрам Бегај, со кого, како одлични, ги оцениле билатерални односи и соработка, Бегај ја поздравил поддршката на Хрватска на евроитегративниот процес „соговорниците се фокусирале и на негативните ефекти што за регионот на Западен Балкан ги создава руската воена агресија во Украина“.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *