Хил: Нема да се откажеме додека ЗСО не стане реалност

Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил изјави денеска дека формирањето на Заедницата на српските општини (ЗСО) на Косово мора да биде клучен елемент број еден во спроведувањето на договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, јави дописникот на МИА од Белград.

-Сите посредници во преговорите велат „колку побрзо – толку подобро“, изјави Хил на новинарите по предавањето на донацијата на противпожарна опрема на Здружението на пожарникари на Србија, нагласувајќи дека е крајно време Заедницата на српските општини да стане реалност.

-Она што можам да ве уверам е дека нема да се откажеме додека тоа не се случи, порача американскиот амбасадор во Србија.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *